Црква „Св. Димитриј“ - Брештени

Координати: 40°27′6″N 21°10′17″E / 40.45167° СГШ; 21.17139° ИГД / 40.45167; 21.17139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј
Aγίου Δημητρίου
Карта
40°27′6″N 21°10′17″E / 40.45167° СГШ; 21.17139° ИГД / 40.45167; 21.17139
МестоБрештени, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
ИзградбаXVIII век
Управа
Архијерејско намесништвоЖелгошко
ЕпархијаКостурска
Икона на св. Димитриј, XIX век

Свети Димитриј (грчки: Aγίου Δημητρίου) — црква во селото Брештени, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Црквата е изградена на почетокот на XVIII век на околу еден километар северозападно од селото под името „Св. Константин и Елена“, додека главниот храм во селото била друга црква „Св. Димитриј“. Подигната е врз темелите и со материјал на ранохристијанска гробишна базилика. Во 1743 г. голем дел од жителите на Брештени се потурчиле и попот Јован, за да го сопре процесот на исламизација поставил во храмот икона на Христос Семоќниот Судија, која е зачувана во храмот до денешен ден.

Во периодот од 1826 до 1831 г. во Брештени работел истакнатиот зограф Аргир Михајлов, кој во гробишната црква „Св. Константин и Елена“ изработил три скапоцени фрески и неколку преносливи икони, кои можат да се видат и денес. Најубава од овие фрески е онаа на светите Константин и Елена, сместена на местото посветено на покровителскиот светител бидејќи тогаш храмот сè уште бил посветен на нив.

Муслиманското население на селото се намножило и во 1850 г. месниот бег ја срушил тогашната црква „Св. Димитриј“ на сретселото и на нејзино место изградил џамија. Поради ова, христијаните ја обновиле и доградиле (во должина) малата гробишна црква, пренесувајќи ги иконите од срушениот храм и преименувајќи ја во „Св. Димитриј“. Во 1902 г. за време на митрополитот Герман Каравангелис храмот е повторно обновен и во него е поставен владички престол, со натпис од грбната страна кој го опишува настанот. Во 1965 г. жителите на Брештени (Македонците и доселените Грци) изградиле нова црква во селото, која во добила името „Св. Константин и Елена“.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Άγιος Δημήτριος ο Μυροβλύτης (+ 26 Οκτωβρίου), ο αγαπημένος άγιος του φιλοχρίστου λαού της Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. 3 октомври 2013. Посетено на 20 август 2015.
  2. 2,0 2,1 „Ο ναός του Αγίου Δημητρίου Αυγής (18ος αιών)“. Φως της Καστοριάς. 25 октомври 2016. Посетено на 3 ноември 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]