Црква „Св. Атанасиј“ - Сливје
Свети Атанасиј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Долненско-секиречка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°29′47.1″N 21°22′55.3″E / 41.496417°N 21.382028°E |
| Место | Сливје |
| Општина | Долнени |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Атанасиј Александриски |
| Архитектонски опис | |
Свети Атанасиj – главна и единствена црква во селото Сливје.[1] Сместена е во крајниот северен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба. На јужната страна има прозорец и уште една ниша со оштетена оштетена фреска. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа и се издига непосредно од десната страна пред влезот на црквата. Во нејзиниот горен дел, отворена е од сите страни. Изградена е од бетонски тули и е покриена со низок пирамидален лимен кров.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Помошниот објект (лево), камбанаријата (насреде) и црквата (десно)
- Влезот на црквата
- Нишата над влезот
- Апсидата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Атанасиј“ - Сливје на Ризницата ?


