Црква „Св. Ѓорѓи“ - Клечевце

Координати: 42°6′43″N 21°51′31″E / 42.11194° СГШ; 21.85861° ИГД / 42.11194; 21.85861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Парохија Клечовска
Местоположба

Карта

Координати 42°6′43″N 21°51′31″E / 42.11194° СГШ; 21.85861° ИГД / 42.11194; 21.85861
Место Клечевце
Општина Куманово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Архитектонски опис

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во кумановското село Клечевце, Македонија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото на месноста Падина, околу која се наоѓаат селските гробишта.

Историја[уреди | уреди извор]

На местото на денешната црквичка постоела стара црква, за која нема податоци кога е изградена и урната, но се претпоставува дека тоа се случило во отоманскиот период. Останале само ѕидови во висина од еден метар до земјотресот во 1963 година, кога била срамнета со земја.[2]

Но, крстот од камен и ѕидовите биле видливи и со години се правеле напори да се возобнови стариот храм. На местото на црквата се наоѓа малата црквичка, која била изградена привремено до урнатините, ама никогаш не била осветена и покрај тоа што мештаните тука ги правеле сите обреди.[2]

На 17 јануари 2023 година бил посветен камен-темелник на нова градба на црквата.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 56. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Поставен камен темелник за изградба на црква во селото Клечовце“. KumanovoNews. Посетено на 2023-12-10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]