Прејди на содржината

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Гуменџе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи
Άγιος Γεωργίου
Западната фасада
Карта
40°56′47″N 22°27′4″E / 40.94639°N 22.45111°E / 40.94639; 22.45111
МестоГуменџе, Ениџевардарско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1862
Управа
Архијерејско намесништвоГуменџиско
ЕпархијаГуменџиско-бојмичко-ругуновска

Свети Ѓорѓи (грчки: Ἱερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου) — црква во гратчето Гуменџе, Ениџевардарско, Егејска Македонија, катедрален храм на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1864-1869 г. според натписот на неа, со средства и труд на мештаните. Од крајот на XIX до почетокот на XX век црквата била во ацете на Гуменџиската грчка црковна општина. Сè до 1991 г. била парохиска црква на Гуменџе,[2] а потоа станала катедрала на новата митрополија.[1]

Во 1991 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[2][3]

Во март 2012 г. започнал целосен ремонт на црквата, кој завршил во 2016 г.[1]

Храмот претставува импресивна трикорабна базилика која потсетува на црквите „Св. Ѓорѓи“ во Цариград (главната патријаршиска катедрала), „Св. Мина“ во Солун и „Св. Антониј Нов“ во Бер.[1] Има галерија и трем од југ, запад и север. Има димензии од 33,8 × 22,7 м, не сметајќи ги конхите на олтарот. Корабите се поделени со колонади од седум пара столбови, при што последната е зад олтарот и е неоформена. Црквата има богата резбана внатрешност — иконостас, владички престол, балдахини, чесна трпеза, амвон и проскинитар.[2][4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 „Εκκλησίες που έχουν κηρυχτεί μνημεία“. Στα Πλάγια Παιονίας. Посетено на 17 февруари 2022.
  2. 1 2 3 „1. Ιερός ναός Ἁγίου Γεωργίου Γουμένισσης“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 25 јуни 2014.[мртва врска]
  3. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/27292/494/27-6-1991 - ΦΕΚ 837/Β/11-10-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-14. Посетено на 23 октомври 2014.
  4. „Ενορία Ι.Ν Αγίου Γεωργίου Γουμένισσας“. Ενορία Ι.Ν Αγίου Γεωργίου Γουμένισσας. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 25 јуни 2014.