Црква „Св. Ѓорѓи“ - Истанбул
| Црквата Свети Георги Aya Yorgi Kilisesi Καθεδρικός ναός του Αγίου Γεωργίου | |
|---|---|
| Религија | |
| Припадност | христијанство |
| Локација | |
| Локација | Истанбул, Турција |
![]() | |
| Архитектура | |
| Тип | црква |
| Завршена во | 1991 |
Црквата Свети Ѓорѓи (турски: Aya Yorgi Kilisesi ) е христијански храм кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Од 1600 година, овде се наоѓа седиштето на Вселенската патријаршија[1].
Црквата се наоѓа во истанбулскиот реон Фенер, на северозапад од историскиот центар на стариот Цариград. Оваа црква е релативно мала црква, особено земајќи го предвид нејзиниот статус во православниот свет. Црквата е скриена зад високи ѕидови, издигнати, за да не привлекува несакани погледи во исламската империјална престолнина. Црквата има едноставна надворешна фасада, но е богато украсена внатре.
Историја
[уреди | уреди извор]По падот на Цариград под власта на Османлиите во 1453 година, главен центар на православниот свет во претежно муслиманскиот град станал квартот Фенер. Во 1600 година, патријарх Матеј II (1596-1603) го преселил седиштето на Патријаршијата во оваа црква. Црквата била реконструирана многупати и малку е останато од оригиналниот вид. Патријарх Тимотеј II (1612-1620) ја реконструирал и проширил во 1614 година. Црквата била повторно реконструирана во времето на патријархот Калиник II (1694-1702). Во почетокот на 18 век црквата пострадала од пожар и истата бла повторно обновена.
Нов голем пожар во 1738 година повторно нанел тешки штети на црквата. Дури во 1797 година патријарх Григориј V успеал да започне големи реставрационни дејствија. Сегашниот изглед на црквата е од тоа време.
Сегашниот изглед на црквата е во општи линии плод на тоа обновување.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Various dates are given by different sources. The Ecumenical Patriarchate's website gives 1600.
