Црвенокап мангабеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црвенокап мангабеј
Affe Rotscheitelmangabe Cercocebus torquatus torquatus 05090.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Семејство: Старосветски мајмуни
Род: Мангабеј
Вид: Црвенокап мангабеј
Биномен назив
Cercocebus torquatus
(Kerr, 1792)
Распространетост

Црвенокап мангабеј или беловратен мангабеј (науч. Cercocebus torquatus) — вид примат од семејството на старосветските мајмуни (Cercopithecidae).[2] Примероци од ова животно можат да се погледаат во Зоолошката градина во Скопје.[3]

Опис[уреди | уреди извор]

Телото на овој мајмун е прекриено со сиво крзно, но има карактеристична црвена боја на главата во облик на капа и бел врат.[4].[4] Има црни уши и упадливи бели очни капаци, поради што се нарекува и „четириок мајмун“.[4] Опашката му е темносива и подолга од телото, и често ја држи со белиот врв над главата.[4] Има долги катници и многу големи секачи.[5] Во заробеништво, мажјаците тежат просечно 9-10 кг, а женките 7,5-8,6 кг.[5] Без опашката, мажјаците се долги 47–67 см, а женките 45–60 см.[4]

Живеалиште и распространетост[уреди | уреди извор]

Црвенокапиот мангабеј се среќава во шуми сместени во крајбрежни појаси, мочуришта, мангрови и долини, од западна Нигерија, на исток и запад во Камерун, како и ширум Екваторска Гвинеја, Габон и по атлантскиот брег на габонско-конгоанската граница.[1][4]

Поведение[уреди | уреди извор]

Овие мајмуни живеат во големи групи од по 10 до 35 единки, вклучувајќи неколку мажјаци.[4][6] Општат со кресоци и лаење, што служи за одржување контакт со ќленовите нха групата и означување на нејзината местоположба во однос на други групи.[4] Се храснат со плодови и семиња, но јадат ио листови, зеленило, цветови, без’рбетници, печурки, измет и смола.[5][6] Немаарт определена сезона на парење, а половата зрелост ја достигнуваат на возраст од 5 до 7 години. Во росек, бременоста трае 170 дена.[6]

Заштитен статус[уреди | уреди извор]

Црвенокапиот мангабеј се води како ранлив вид во црвениот список на МСЗП поради губитокот на живеалиштето и ловењето за месо.[1] Наведен е и во Прилог II од CITES и во класата Б на Африканската спогодба за заштита на природата и природните ресурси.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Oates, J. F., Gippoliti, S. & Groves, C. P. (2008). „Cercocebus torquatus“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 4 January 2009.
  2. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.). уред. Mammal Species of the World (III издание). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 154. ISBN 0-801-88221-4. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=12100433. 
  3. „Мангаби“. Зоо Скопје. http://www.zooskopje.com.mk/mangabi.html. конс. 16 мај 2015 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Matthew Richardson (26 март 2009). „Red-capped mangabey (Cercocebus torquatus)“. ARKive. http://www.arkive.org/red-capped-mangabey/cercocebus-torquatus/factsheet. конс. 6 јануари 2012 г. 
  5. 5,0 5,1 5,2 The Primata (17 јуни 2007). „White-collared Mangabey (Cercocebus torquatus)“. The Primata. http://www.theprimata.com/cercocebus_torquatus.html. конс. 6 јануари 2012 г. 
  6. 6,0 6,1 6,2 Nguyen, Khoa Huu (1999). Cercocebus torquatus. Animal Diversity Web. http://animaldiversity.ummz.umich.edu/site/accounts/information/Cercocebus_torquatus.html. конс. 6 јануари 2012 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]