Цетињски октоих

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цетињски октоих
Страница од Октоихот првогласник
УредникЈеромонах Макариј
ЗемјаКнежевство Зета
ЈазикЦрковнословенски со српска рецензија
Објавена1494 (Цетињска печатница)
Страници540

Цетињски октоих (српски: Цетињски октоих) — православна богослужбена книга отпечатена во 1494 година во Цетиње, главниот град на Кнежеството Зета (денешна Црна Гора). Тоа е првиот инкунабулум напишан во српска рецензија на црковнословенски јазик, како и првата книга отпечатена на кирилица во Југоисточна Европа. Октоихот е испечатен под раководство на јеромонахот Макариј во печатницата Црнојевиќ, основана во 1493 година од Ѓураѓ Црнојевиќ, владетелот на Зета. Отпечатен во два дела, неговата прва свеска ги содржи химните што треба да се пеат на првите четири тонови од октоихот на музички начини, а химните за останатите четири тонови се вклучени во втората свеска. Двете свески се нарекуваат Октоих првогласник и Октоих петогласник, соодветно.

Октоих првогласник[уреди | уреди извор]

Октоихот првогласник бил завршен на 4 јануари 1494 година.[1] Зачувани се 108 примероци од оваа книга. Содржи 270 листа со големина 29 x 21,6 см. Се одликува со висококвалитетно и чисто двобојно печатење, црвено и црно, со фино обликувани букви. Украсена е со вињетки и иницијали испечатени од дрвопис во духот на ренесансата со траги од старите ракописни традиции. Во квалитетот на печатењето и украсувањето се смета дека е на исто ниво со венецијанското печатарство во тоа време. Националната библиотека на Црна Гора „Ѓурѓе Црнојевиќ“ во Цетиње, во 1987 година објавила 600 факсимили на Октоихот првогласник.

Октоих петогласник[уреди | уреди извор]

Цетињскиот октоих петогласник (модерно препечатена)

Октоихот петогласник го претставува првиот илустриран јужнословенски инкунабулум. Зачуван е во фрагменти, од кои најдолгиот има 37 листа. Има шест дрвописни илустрации, направени од уметник кој успеал да постави прилично сложени композиции со многу ликови на условно мал простор.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Samardžić, Radovan (1892). Istorija srpskog naroda: Doba borbi za očuvanje i obnovu države 1371-1537. Srpska knjiiževna zadruga. стр. 419. Посетено на 17 December 2013. Прва књига коју су одштампали био је Октоих првогласник, који је завршен 4. јануара 1494. године.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]