Прејди на содржината

Централен комитет на Комунистичката партија на Кина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Народна Република Кина

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Кина



Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (кин. 中国共产党中央委员会; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng Zhōngyāng Wěiyuánhuì) или ЦК на КПК е највисокиот управен орган на Комунистичката партија на Кина. Има приближно 350 членови кои се бираат во Националниот конгрес на КПК на секои пет години. Членството е доста менливо, на што укажува фактот што во последните 30 години на секој конгрес се менува просечно 62% од постојниот состав.

Комитетот ги назначува најмоќните политичари во државата, заклучно со Генералниот секретар и членовите на Политбирото, Постојаниот комитет и Централниот воен комитет.

Работното тело на Политбирото и неговиот Постојан комитет е Секретаријатот на ЦК на КПК. Членовите на секретаријатот ги предлага Постојаниот комитет, кои потоа треба да ги одобри Централниот комитет.[1] Меѓу организациите во надлежност на ЦК спаѓаат Централното одделение за пропаганда, Централното одделение за организација, Централното одделение за меѓународни врски и Одделението за работа со Обединетиот фронт и други.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]