Христо Живков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христо Живков
Христо Живков
Роден(а)18 февруари 1975(1975-02-18)
Софија, Бугарија
Починал(а)31 март 2023(2023-03-31) (возр. 48)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
ЗанимањеГлумец, режисер, продуцент
Активен период2001–2023

Христо Живков (Софија, 18 февруари 1975 - Лос Анџелес, 31 март 2023) — бугарски глумец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е на 18 февруари 1975 година во Софија. Неговата сестра Димитрина Живкова е исто така глумица.[1] Дипломирал филмска режија на НАТФИЗ. Играл во бугарските играни филмови „Суламит“ (1997 година, реж. Христо Христов по сценарио на Владо Даверов), „Остатоци“ (ТВ филм, 1990 година, реж. Росен Елезов ) и „Печалбата“ (2001 година, реж. Магардич Халваџијан). После тоа често одбивал покани за улоги во бугарската кинематографија. Се појавил во вкупно 25 филмови, многу од нив италијански - некои од нив на познати режисери како браќата Тавијани, Ермано Олми, Марко Белокио итн. [1]

Популарноста му носи учеството во италијанскиот филм Занаетот на оружјето (2001) во улога на Џовани де Медичи, како и во Пасија (2004) во улогата на Јован Богослов. Во 2006 година глуми во италијанска ТВ-серија.

Емир Кустурица го поканува Христо Живков да учествува во мега спектаклот „Голема Грција - митот за потеклото“, каде во улогата на пророкот учествува и италијанскиот актер Џанкарло Џанини. Христо Живков глумел во „Во мое сеќавање“ на Саверио Костанцо, филм кој го отворил Берлинскиот фестивал во 2007 година.[2]

Продуцент е на неколку италијански и бугарски филмови, меѓу кои и дебитантскиот „Отуѓување“ на Милко Лазаров. Режисер е на документарниот филм „Незгодниот д-р Крастев“ за создателот на кругот „Мисла“.[1]

Во 2016 година учествувал во бугарското реално шоу „Големиот брат“.

Христо Живков умира на 48 години на 1 април 2023 г. во Лос Анджелис од рак на белите дробови.[3][1][2][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Отиде си актьорът от „Страстите Христови" Христо Живков“. Сега. 2023-04-01.
  2. 2,0 2,1 „Христо Живков си отиде преди отново да снима с Мел Гибсън“. Стандарт. 2023-04-01.
  3. „Почина актьорът Христо Живков“. bTV Новините. 2023-04-01.
  4. mirror.co.uk

Надворешни препратки[уреди | уреди извор]

  • Интервју во 7even
  • „Христо, когошто не познаваме“, интервју на Диана Алексиева, Interview.to, 2 февруари 2017