Холандска банка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Холандската банка (холандски: De Nederlandsche Bank - DNB) е централна банка на Холандија, задолжена за спроведување на монетарната политика на ЕЦБ на територијата на Холандија и за супервизија на банкарскиот систем. Исто така, таа претставува дел од Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ).

Лого на Холандската банка

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1814 година, кралот Вилијам I од Холандија ја основал Холандската банка. Во 1923 година била создадена агенцијата за супервизија на осигурувањето, Verzekeringskamer, чија надлежност била проширена во 1952 година, вклучувајќи ги пензиските фондови. Во 2001 година, името на оваа агенција било променето во Pensioen & Verzekeringskamer, а на 20 октомври 2004 година, оваа агенција се споила со Холандската банка при што новата организација што го задржала името Холандска банка.[1]

Правна и организациона форма[уреди | уреди извор]

Холандската централна банка е јавно друштво со ограничена одговорност чија секојдневна политика ја води Управниот одбор. Таа има и Надзорен одбор, а покрај тоа постои и советодавно тело наречено Совет на банката. На јавно-правно ниво, Холандската банка има двојна функција: таа е дел од Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и претставува независно јавно тело.[2] Како дел од ЕСЦБ, Холандската банка, исто така, е одговорна за утврдување и спроведување на монетарната политика за евро-зоната, освен вклученоста во водењето на платниот систем. Како самостоен државен орган, Холандската банка спроведува супервизија на финансиските институции.[3]

Мисија и задачи[уреди | уреди извор]

Холандската банка е посветена на стабилен финансиски систем, стабилни цени, солидни финансиски институции и правилно функционирање на трансферите на плаќање. Холандската банка е посветена на стабилен финансиски систем, кој е еластичен и придонесува за одржлив економски развој. Таа предупредува за ризиците што можат да му наштетат на финансискиот систем, а исто така, таа работи за подобрување на издржливоста на финансискиот систем. Целта на монетарната политика е да се постигне ценовната стабилност, односно инфлација пониска од но близу до 2%. Понатаму, Холандската банка активно промовира безбеден и сигурен платен систем - во Холандија и во Европа. Таа е одговорна за пуштање во промет на банкнотите од еврото и нивна проверка за автентичност и оштетување. Исто така, таа посветена на правилно работење на системите на плаќања (како што е ТАРГЕТ2) и системите за порамнување на трансакциите со хартии од вредност. За да обезбеди сигурен финансиски систем, Холандската банка врши надрзор врз холандските банки, пензиски фондови, осигурителни компании и други финансиски институции. Притоа, таа посветува посебно внимание на финансиската позиција и квалитетот на управниот одбор на финансиските институции. Заедно со нејзините европски партнери, таа има улога во случаите кога некоја банка се наоѓа во неволја. Таа е член на Одборот за резолуција во Брисел, кој има водечка улога во решавањето на проблемите на европските банки кои се директно под надзор на ЕЦБ и банките кои работат во повеќе од една земја. Во 2019 година, Холандската банка донела нова среднорочна стратегија која се состои од шест цели за периодот до 2025 година, како: интегрирана корпоративна општествена одговорност и придонес кон јавната доверба во финансиските институции во Холандија.[4]

Интегритет[уреди | уреди извор]

Холандската централна банка придава огромна важност на својот внатрешен и надворешен морал. Во нивниот кодекс на однесување стои: „Почитувани, однесувањето носи доверба, како во нашата институција така и во социјалната и економската сфера.“ Значењето на моралното однесување за нив е, исто така, очигледно од фактот дека моралниот интегритет е меѓу најосновните вредности на ЦБ на Холандија. Да се промовира чесно однесување на персоналот и организацијата, на на 1 јануари 2008 година бил формиран Оддел за усогласеност и интегритет. Со своите осум припадници на персоналот, одделот ги има следните должности и одговорности:

  • Промовирање на свеста за интегритет помеѓу персоналот на Холандската банка,
  • Советување на Управниот одбор, врвниот менаџмент и персоналот за прашањата поврзани со интегритетот и политиката, по барање или на друг начин,
  • Идентификација и анализа на моралните ризици,
  • Понатамошен развој на политиката на ЦБ на Холандија за морален интегритет,
  • Следење на усогласеноста на прописите на ЦБ за морален интегритет.

Поделбата на директори и раководители на сектори ја носи главната одговорност за морално однесување внатре во рамките на нивните единици. Одделот за усогласеност и интегритет исполнува главно советодавна и мониторинг улога. Тој функционира независно од било какви поделби и оддели. Тоа значи дека шефот на одделот има директен контакт со претседателот на централната банка. Ако е потребно, шефот на одделот за усогласеност и интегритет исто така има пристап до Управниот одбор на Холандската банка. Одделот поднесува редовни извештаи за своите активности до Управниот и Надзорниот одбор.

Корпоративно управување[уреди | уреди извор]

Со Холандската банка управува Управниот одбор, составен од претседателот на централната банка и пет извршни директори при што секој од нив назначен со кралски указ за период од седум години. Одборот работи на принципот на консензус. Во лично својство, претседателот на Управниот одбор е член на Управниот совет и на Генералниот совет на ЕЦБ. Надзорниот одбор на Холандската банка врши надзор на управувањето и општите работи на банката и делува како советник на Управниот одбор. Покрај тоа, постои советодавно тело наречено Совет на банката. Во својот годишен извештај и во финансиските извештаи, Управниот одбор дава преглед на развојот, одлуките и резултатите од годината што се разгледува. Управниот одбор одговара пред Генералното собрание на Холандија. За своите активности во надзорот и резолуцијата на финансиските институции, Одборот одговара пред министрите за финансии и социјала и вработување и ги документира резултатите во годишниот независен јавен извештај за јавноста.[5][6]

Управен одбор[уреди | уреди извор]

Секојдневното управување на Холандската банка го врши Управниот одбор, составен од претседател и пет извршни директори. Членовите на Управниот одбор се именувани од страна на Кралот со мандат од седум години.

Надзорен Одбор[уреди | уреди извор]

Надзорниот одбор го надгледува управувањето на ЦБ и општите операции на јавно претпријатие. Надзорниот Одбор има голем број важни овластувања, како што се: одобрување на буџетот, годишниот извештај и одредени одлуки на Управниот одбор и усвојување на годишната сметка. Еден член на Надзорниот одбор е назначен од страна на владата.

Совет на банката[уреди | уреди извор]

Советот на банката дејствува како резонатор на Управниот одбор. Претседателот на ЦБ известува до ова тело за генералните економски и финансиски случувања и за политиката водена од страна на ЦБ. Советот може да го советува Управниот Одбор. Двајца членови на Надзорниот Одбор членуваат во Советот, вклучувајќи го и членот назначен од страна на владата. Советот на банката, понатаму е составен од претставници на социјалните партнери и финансискиот сектор, како и независни експерти.

Независност и тајност[уреди | уреди извор]

Холандската банка е одговорна за чување на финансиската стабилност на Холандија. Трите главни предуслови за финансиска стабилност се: ниска стапка на инфлација, безбедни плаќања и влијателни и здрави финансиски институции. Две карактеристики се од суштинско значење за правилно извршување на активностите:

Корпоративна општествена одговорност[уреди | уреди извор]

Општествената одговорност е дел од мисијата на ЦБ. Таа вградува одржливост во сите активности и должности коишто ги извршува. Со вклучување на корпоративната општествена одговорност во годишното писмо за политиката на Управниот одбор и бизнис плановите на поделби, Холандската централна банка ја вклучила корпоративната општествена одговорност во клучните задачи на своите деловни операции. Предводници на корпоративната општествена одговорност се:

  • Понатамошно интегрирање на корпоративна општествена одговорност,
  • Свест за животната средина и одржливи набавки,
  • Интегритет и усогласеност,
  • Социјална политика,
  • Социјална посветеност.

Буџет[уреди | уреди извор]

Секоја година, Холандската банка составува буџет на планирани расходи кој е подвлечен со следните три прашања: Што сака да постигне, како ќе го постигне тоа и колку ќе чини? Буџетот покажува како се предвидени јавните цели, активностите потребни за да се остварат овие цели и трошоците кои се вклучени. Пред буџетот да биде одобрен од Управниот одбор, делот кој се однесува на надзорот се поднесува за совет до претставниците на институциите за супервизија. Потоа, Надзорниот одбор е тој што треба да го одобри буџетот, по што, делот којшто се однесува на активностите на Холандската банка како самостоен државен орган е доставен до министрите за финансии и социјални работи и вработувања за одобрување.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]