Хачапури

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аџарско хачапури

Хачапури (грузиски: ხაჭაპური) — традиционално грузиско јадење, тесто со сирење како фил кое се јаде како брза храна.

Јадењето е популарно во Грузија и во државите на бившиот Советски Сојуз. Во грузиските региони постојат различни варијанти, кои се разликуваат како по облик така и по состојките, на пр. ачарули хачапури е во облик на кајче со додаток на јајца, имерули хачапури е со кружен облик, итн.

Тестото се подготува со квас. Откога тестото ќе стаса (ќе се дигне), истото се растегнува и се филува со додатоци како што се: сирење, јајца, кајмак, лук и други додатоци согласно варијантата[1]. Филуваното тесто потоа се пече во врела тепсија и се премачкува со путер.

Хачапури се продава во помали трговски дуќани, бистроа и во рестораните за брза храна.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Goldstein 1999, стр. 136-139.