Формула
Во математиката и науките, формула (од лат. formula) е прецизен начин на изразување на податоци на симболичен начин (како во математичка или хемиска формула), или општ сооднос помеѓу количества. Една од многуте познати формули е Ајнштајновата E = mc² (видете специјална релативност).
Во математиката
[уреди | уреди извор]Во математиката, формулите се од круцијално значење за резултатите на многу пресметки. На пример, проблемот на одредување на волумен на топка е таков што бара решавање со доста интегрално сметање. Меѓутоа, откога еднаш ќе се пресмета, математичарите можат да дадат формула за опис на волуменот изразен преку некој друг параметар (на пр. полупречник). Оваа конкретна формула е:
( во оваа формула е количеството пи). Откако ќе го добиеме овој резултат, и го знаеме полупречникот на топката, можеме бро и лесно да ѝ го одредиме волуменот. Треба да се спомене дека количествата , волуменот и полупречникот се изразени со единечни букви. Иако е помалку важна во релативнопроста формула, со оваа практика математичарите можат побрзо да работат со поголеми и покомплексни формули.
Во општата математичка употреба нема суштинска смисловна разлика кај поимот „израз“, иако зборот „формула“ е повеќе резервиран за израз кој „може да стои сам“, кој има значење вон непосредниот контекст во кој се јавува и значење кое може да се сфати интуитивно.
Математиката во најголем дел работи со формули во многу различни форми, од квадратни равенки до равенките за движење (главно кај механичката математика и физиката). Во општ контекст, формулите се применуваат за добивање на математичко решение на проблеми од вистинскиот живот. Некои можат да бидат општи формули осмислени за објаснување на феномени кои се случуваат насекаде - пример: сила = маса × забрзување. Ова е формула која важи секаде во вселената. Други формули може да бидат специјално создадени за решавање на одреден проблем - на пример, употребата на равенка за синусоида за моделирање на движењето на плимата и осеката во еден залив. Меѓутоа во сите други случаи, формулите ја чинат основата за сите пресметки.
Во сметањето
[уреди | уреди извор]Во сметањето, формулата дава опис на една пресметка како додавање, која треба да се изврши на две или повеќе променливи. Формулата е имплицитно дадена во облик на компјутерска инструкција како:
- Вкупно овошје = број на јаболка + број на круши.
Во компјутерската терминологија на табеларни пресметки, формулата обично е текстуална низа кој содржи ќелиен навод, на пр.
- =A1+A2
каде и A1 и A2 се „ќелии“ (колона A, ред 1 и 2) во рамките на табеларната пресметка. Резултатот се јавува во рамките на ќелијата која ја содржи самата формула (можеби A3, на крајот на вредностите во колона A). Знакот = ѝ претходи на десната страна на формулата и укажува на тоа дека ќелијата содржи формула, а не податоци. Левата страна од формулата по обичај се испушта бидејќи резултатот секогаш се зачувува во самата ќелија и би била излишна.