Филип Караѓорѓевиќ (син на Александар II Караѓорѓевиќ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Филип Караѓорѓевиќ
Татко Александар II Караѓорѓевиќ
Мајка Марија да Глорија од Орлеан и Браганца

Филип Караѓорѓевиќ (15 јануари 1982 во Вирџинија) е син на принцот Александар II Караѓорѓевиќ и неговата сопруга Марија да Глорија од Орлеан и Браганца, и внук на последниот крал на Југославија, Петар II Караѓорѓевиќ. Тој има брат близнак, Александар.

Кога имал две години, тој заедно со својот брат биле испратени во Лондон. Во 1990 година, тие таму го завршиле основното училиште, а во 2000 година, завршил гимназија. По ова, тој се запишал на факултет во Шпанија.

Зборува англиски, шпански и француски, а го усовршува и српскиот јазик.