Прејди на содржината

Федан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Федан (арап. فدّان) — единица за плоштина што се користела во Египет, Јужен Судан, Судан, Сирија и Оман. На класичен арапски јазик, зборот значи „јарем од волови“, што означува површина на земја што може да ја обработат воловите во одредено време. Во Египет, феданот е единствената неметричка единица која остана во употреба по усвојувањето на метричкиот систем. Федан е поделен на 24 кирати (арап. قيراط qīrāt), со еден кират кој изнесува 175 квадратни метри.[1]

Кога Египет го усвоил метричкиот систем, феданот бил единствената стара единица која остана легална. Моментално изнесува 0,42 хектари.

Еквивалентни единици

[уреди | уреди извор]

1 федан = 24 кират = 60 метри × 70 метри = 4200[2] квадратни метри (м²) = 0,420 хектари = 1,037 акри

Во Сирија, феданот се движел од 2295 квадратни метри (m²) до 3443 квадратни метри (m²).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Lyons, H.G. (1907). The cadastral survey of Egypt 1892-1907. Рипол Классик. стр. 41. ISBN 9781176444607. Посетено на 20 November 2016.
  2. „What is a feddan?“. www.sizes.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-09-27. Посетено на 2018-09-27.