ФК Реал Ваљадолид

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФК Реал Валјадолид)
Шпанија Реал Ваљадолид
Целосно имеРеал Ваљадолид
ПрекариPucela / Pucelanos (Pucelle)
Blanquivioletas / Albivioletas (White and Violets)
Основан1928; пред 96 години (1928)
СтадионХосе Сорилја, Ваљадолид,
Шпанија
(Капацитет: 26,512)
ПретседателКарлос Суарез Суреда
МенаџерПако Херера
ЛигаLa Liga
2018/1916-ти
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

ФК Реал Ваљадолид (шпански изговор: [reˈal βaʎaðoˈlið ˈkluβ ðe ˈfuðβol]), е шпански фудбалски клуб со седиште во Ваљадолид,во автономната заедница на Кастиља и Леон, од каде доаѓа прекарот Pucela .

Основан е на 20 јуни 1928 година, но во моментот настапува во Сегунда дивизион, играјќи домашни натпревари на Новиот Стадион Хосе Зориља , кој има капацитет од 26.512 гледачи.

Toj е најуспешниот фудбалски клуб во Кастиља и Леон со почести и историја, со вкупно 43 сезони во Ла лига, 35 во втората и третиот. Историски е 12.9 - 13-тиот најдобар тим во Шпанија. Двајца неговите играчи се здобиле со трофејот Пичичи: Мануел Баденес и Хорхе Да Силва; и десет настапувале со шпанската фудбалска репрезентација.

На 3 септември 2018 година, било објавено дека поранешениот бразислки фудбалер Роналдо Назарио станал мнозински акционер по купувањето на 51% акции контролен пакет во клубот.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Реал Унион Депортиво де Ваљадолид во 1927

Основан од страна на вистинската унија Депортиво де Ваљадолид и Клуб Депортиво Еспаљол со нивно соединување. Ваљадолид првпат стигнал донајвисоко ниво во 1947-1948 сезона, како шампиони на Сегунда дивизион . Во следната година, тимот се наметнува од овој успех и стигнал до финалето на домашниот куп на Сантјаго Бернабеу, но на крајот загубил од Атлетик Билбао, со 4-1.

Во следните десет години клубот настапувал константно во првата лига, а испаѓањето било краткотрајно во 1958 година, при што експресно Ваљадолид повторно добил промоција во сезоната 1958-1959 со 5-0 победата над Тераса под раководство на Хосе Луис Сашо, легендарна фигура во историјата на тимот. Тој првично бил голман на клубот, а потоа извршил многу улоги, завршувајќи како претседател на тимот.

Ваљадолид во седумдесеттите години, паднал толку ниско, каде што во сезоната 1970-1971 година, игра и во третата лига. Враќањето во Сегунда дивизион, односно втората лига, се случило дури во сезоната 1992/93, а подоцна и во првата лига, каде што тимот повторно бил испратен назад во првата лига сезона 2003-04. Во 1984 година, Ваљадолид, победил во шпанскиот куп против, тимот на Атлетико Мадрид.

Највисоката позиција на домаќините во текот на овој 11-годишен престој било седмото место во сезоната 1996-1997, на чело со поранешниот тренер на Реал Мадрид Рафаел Бенитез,.

Сезоната 2006-07 рекорднa[уреди | уреди извор]

Фудбалерите на Ваљадолид крстарат по Рио Пусуерга додека го прославуваат нивното враќање во првата лига 2007.

Во 2006-07, со потпишување на баскиецот Хосе Луис Мендилибар како тренер, Ваљадолид ги одиграл своите најдобри години во историјата Тимот го презел водството во 15-от натпревар во лигата и завршил со високи 88 бода, рекордни на сите времиња во лигата. Исто така, тимот бил без пораз на 29 натпревари по ред, од 10 октомври 2006 година до 6 мај 2007 година.

Тимот постигнал извонреден успех восезоната 2006/2017 воКралскиот куп, достигнувајќи до четврт-финалето по победата во двата натпревари против екипата на, Гимнастик де Тарагона (4-1 агрегат) и во 2005-06 година, изгубил од фаворитот Виљареал со (3-1), играјќи го целиот натпревар со играчи од резервната клупа.Таа сезона ФК Виљареал играше во полуфиналето во УЕФА Лигата на Шампионите.

Две релативно успешни сезони следувале, завршувајќи на 15 место, додека во сезоната 2007-08 тимот го избегнал испаѓањето по ремито 1-1 на последниот натпревар со (од Рекреативо Уелва во 2007- 08 и Реал Бетис во следнава сезона).

Крајот на ерата Мендилибар[уреди | уреди извор]

Српскиот тренер Мирослав Џукиќ го врати Ваљадолид во Ла Лига во 2012

По бавниот старт на 2009-10 (три победи во првите 20 натпревари), Мендилибар бил отпуштен на 1 февруари 2010 година, по нерешениот резултат дома против Алмериа. По неговото разрешување, Ваљадолид паднал за првпат во зоната за испаѓање (нешто што никогаш не се случило за време на неговиот престој во 138-натпревари). Него го наследил Онесимо Санчес.

По само една победа во 10 натпревари, Санчес бил отпуштен, а него го наследи поранешниот селектор на Шпанија фудбалска репрезентација Хавиер Клементе, во очајнички обид да се избегне испаѓање со само осум натпревари до крајот на првенството. По краток здив (16 место), Ваљадолид повторно се вратил во последните три места за испаѓање, за да потоа се соочи да-мора да победи на последниот натпревар во Камп Ноу, против Барселона тимот на кој му била потребна победа за да се обезбеди титула. Ваљадолид изгуби 0-4, а со тоа и испаднал во Сегунда, по три годишен престој во највисоката лига.

Во сезоната 2011-12 тимот се враќа во Ла Лига под управување на Мирослав Ѓукиќ, промовиран преку плеј-офот, откако завршил на третото место во втората лига.[2] Македонскиот репрезентативец Илија Најдовски две сезони ги бранел боите на Реал Ваљадолид.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ronaldo: Former Brazil striker buys controlling stake in Real Valladolid“. 3 September 2018. Посетено на 3 September 2018.
  2. „Primera Division: Osasuna and Real Valladolid both relegated“. Sky Sports News. 17 May 2014. Посетено на 22 July 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]