Уметноста на минијатурите

Од Википедија — слободната енциклопедија

Уметноста на минијатурите претставува создавање и дизајн на мали дводимензионални уметнички дела - слики на книги, килими, текстил, ѕидови, керамика и други предмети, користејќи суровини како злато, сребро и разни органски супстанци.

Во 2020 година УНЕСКО ја вклучи уметноста на минијатури во списокот на нематеријално културно наследство на човештвото, како елемент на културното наследство на Азербејџан, Иран, Турција и Узбекистан.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Историски гледано, минијатурата е создадена како елемент на ракописните книги, со цел визуелно да се поддржи текстот. Со текот на времето, елементот еволуирал и денес може да се гледа како елемент во архитектурата или како декорација на јавни простори. Иако постои со векови, тој продолжува да се развива и на тој начин ги зајакнува врските помеѓу минатото и сегашноста. Зачувани се традиционалните сликарски принципи и техники, но уметниците внесуваат и индивидуална креативност во процесот.

Во средниот век, минијатурите ги правеле минијатуристи, односно монаси кои работеле на украсување на ракописи, фигурална сцена или портрет во мал формат, изработена со различни сликарски техники и на различни подлоги: хартија, пергамент, слонова коска или метал.[2]

Под исламското влијание, минијатурата добила нов карактер. Во 2020 година УНЕСКО ја вклучи уметноста на минијатурите, особено оние кои се развиле под ова влијание, на списокот на нематеријално културно наследство на човештвото, како елемент на културното наследство на Азербејџан, Иран, Турција и Узбекистан.[1]

Карактеристики на минијатурната уметност[уреди | уреди извор]

Иако има бројни стилски разлики, минијатурната уметност споделува некои клучни карактеристики. Во сите случаи тоа е традиционален занает кој најчесто се пренесува преку процесот на неформално образование (најчесто преку пракса, во односот мајстор-чирак) и се смета за составен дел од општествениот и културниот идентитет на секое општество.

Минијатурните обрасци сликовито ги претставуваат верувањата, погледите на светот и начините на живот. Минијатура покажува одреден вид перспектива во која големината на фигурите се менува според нивната важност, што е клучна разлика од реалистичните и натуралистичките стилови.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Art of miniature“. UNESCO. Посетено на 25. 6. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Минијатура - историја Архивирано на 18 јануари 2012 г., biennial.kcgm.org.rs

Надворешни врски[уреди | уреди извор]