Т-64
| T-64 | |
|---|---|
T-64BV модел 2017 во 2021 | |
| Тип | Основен борбен тенк |
| Потекло | Советски Сојуз |
| Употребна историја | |
| Во служба | 1966–до денес |
| Корисници | Види Корисници |
| Војни | |
| Производна историја | |
| Конструктор | Харковско конструкторско биро за машиноградба |
| Конструирано | 1951–1962 |
| Производител | Malyshev Factory |
| Год. на производство | 1963–1987 |
| Произведени | ≈13.000 |
| Тех. особености (T-64A[1]) | |
| Тежина | 38 t |
| Должина | 9,225 m (со цевката на топот) |
| Ширина | 3,415 m |
| Висина | 2,172 m |
| Екипаж | 3 (возач, командир, топчија) |
Главно наоружување | 125 mm топ со мазна цевка D-81T (познат и како 2A46) |
Помошно наоружување | 7,62 mm митралез ПК, 12,7 mm противавионски митралез НСВ |
| Погон | 5TDF 5-цилиндерски дизел 13,6 литри 700 КС(522 kW) |
| Моќност/тежина | 18,4 КС/тон (13,7 kW/тон) |
| Амортизација | Торзиона суспензија |
Работен дострел | 500 km, 700 km со надворешен резервоар |
| Брзина | 45 - 60 км/час зависно од верзијата |
Т-64 — прв советски тенк со тројца членови на екипажот, што се должи на инсталирањето на автоматски полнач на топот. Бил дизајниран во исто време со Т-72. Првиот прототип бил завршен во 1960 година, додека сериското производство почнало во 1969 година. Новина бил 125-милиметарскиот топ со мазна цевка, кој подоцна станал стандард за сите руски тенкови. На неговата основа бил развиен поуспешниот Т-80. Т-64 го доживеал своето огнено крштевање на 20 јуни 1992 година за време на битките во близина на градот Бендер во Молдавија.
Огнена моќ
[уреди | уреди извор]Основа на огнената моќ на Т-64 е 125-мм топ со автоматско полнење 2А26М2 со вертикално поставена муниција за која се зборува дека е опасна за екипажот. Поради оваа причина, подоцнежните тенкови (Т-72, Т-80, Т-90) добиле автоматски полначи со хоризонтално поставена муниција. Покрај обична муниција, верзијата Т-64Б е опремена и со системот 9К112-1, кој ја користи противтенковска наведувана ракета 9М112М Кобра, со која може да уништува цели на оддалеченост до 4.000 метри. Пробојноста е 600 mm на хомоген челичен оклоп. Може да се гаѓаат неподвижни и подвижни цели во движење.
Оклопна заштита
[уреди | уреди извор]Оклопот на Т-64 се состои од челични плочи за телото и лиен панцирен челик за куполата. На посебно осетливи места на предната и челната страна на телото на куполата поставен е околоп кој се состои од челик и плочки од стаклопластика. Се поставува и реактивно-експлозивен оклоп.
Покретливост
[уреди | уреди извор]Т-64 е придвижуван од двотактен, петцилиндричен дизел мотор 5DTF со моќност од 700 КС и максимална брзина од 75 km/h. Неговиот домет е 400 км.
Корисници
[уреди | уреди извор]- Руска Федерација - 4000, повеќето во резерва.
- Украина - 2281, повеќето надградени
- Узбекистан - 100
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ T-64A Main Battle Tank Архивирано на 9 февруари 2015 г. Kharkiv Morozov Machine Building
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Т-64 на Ризницата ?- (германски) Kampfpanzer T-64
- (англиски) T-64 Архивирано на 21 јануари 2009 г. Оригиналната верзија на страната архивирана на 21 јануари 2009 и Bulat Архивирано на 19 октомври 2004 г. Оригиналната верзија на страната архивирана на 19 октомври 2004 на КМДБ (Страница на произведувачот)