Километри на час

Од Википедија — слободната енциклопедија
Километар на час
Автомобилски брзиномер што ја прикажува измерената брзина во километри на час.
Информации за мерката
Мерен системизведена
Единица забрзина
Ознакаkm/h 
Претворање на единици
1 километар на час во ...... е еднакво на ...
   mph   ≈ 0,621371
   m/s   ≈ 0,277.778
   kn   ≈ 0,539957
   ft/s   ≈ 0,911344

Километар на часмерна единица за брзина. Симболот на единицата е км/ч (меѓународно: km/h).

Знакот км/ч е најшироко употребуван на сообраќајни знаци и автомобилски брзиномери. Затоа тој е неспоредливо поприсутен отколку правилната единица на системот SI, м/с (m/s). Заедно со kWh (киловат-час), км/ч е најчесто употребуваната мерна единица заснована на часот, кој е само „ единица вон SI прифатена за употреба со единици од SI“ од МБТМ.[1]

Претворање[уреди | уреди извор]

  • 3,6 км/ч ≡ 1 м/с, SI-единица за брзина, метри во секунда
  • 1 км/ч ≈ 0,277 78 м/с
  • 1 км/ч ≈ 0,621 37 ми/ч ≈ 0,911 34 стапки во секунда
  • јазли ≡ 1.852 км/ч (точно)
  • 1 милја = 1,609344 км (~1.61 км)[2]
  • 1 милја на час = ~1,61 километри на час
  • 1 километар на час = ~0,62 милји на час

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Брошура - Меѓународно биро за тегови и мерки (за SI) (англиски)
  2. 1 јард ≡ 0,9144 м, а
    1 милја = 1760 јарди, па така
    1 милја = 1760 × 0,9144 ÷ 1000 км

Надворешни врски[уреди | уреди извор]