Трпе Божиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трпе Цветанов Божиновски ( 1920 во Зелениково, Скопско1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во родното место. Се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Скопје стапил во Седмата македонска ударна бригада, со која учествувал во завршните операции за ослободувањето на Југославија. Во близината на Белград посетувал тримесечна обука. Подоцна учествувал во пробивот на германските укрепени позиции на Сремскиот фронт. Во големата битка, во април 1945 година храбро загинал во Хрватска. Закопан бил на позицијата каде што загинал, а подоцна неговите останки биле пренесени и погребани во неговото родно село.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 35. На |first= му недостасува |last= (help)