Тројцата јунаци на далечните брегови

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Тројцата јунаци на далечните брегови“ е руски долгометражен анимиран филм на студиото Мелница во 2012 година, продолжение на цртаниот филм Тројца јунаци и Шамаханската царица.

Филмот се појавил на големото платно на 27 декември 2012 година во 2Д и 3Д. Приватната проекција се одржала на 11 декември во Москва, во киното Октијабр.

Заплет[уреди | уреди извор]

Коливан доаѓа кај Баба Јага од странство. За да се маскира, тој облекува западноевропски костум во стилот на 17-18 век и перика (плашејќи се дека принцот веќе знае за неговите минати интриги во вториот филм), по што ќе отвори продажба на кинески сувенири. Во чаршијата, коњот Јулиј го наоѓа, се претставува како Германец и тој го носи кај принцот од Киев. Тој му раскажува за странските поредоци. Поверливо принцот одлучува да ги воведе западноевропските традиции во Русија и со својата неактивност му дозволува на Коливан да ги привлече јунаците на своја страна.Но, следниот ден јунаците требало да пристигнат и принцот го отстранува странецот од власта.

Комеморативна монета на Банката на Русија „Тројцата јунаци“ која ги отсликува главните ликови од истоимениот циклус цртани филмови: Иљја Муромец, Добриња Никитич (десно) и Алјоша Попович (лево)

Вознемирениот Коливан доаѓа дома кај Баба Јага и раскажува за неговиот неуспех. Негативните јунаци прават заговор. Во замена за реалното владеење на Киев, Баба Јага ги мами јунаците во огромно буре, која колибата на пилешки нозе ја фрла во океанот. Потоа, таа ги материјализира јунаците од „ истоимената слика“ (што може да се види на почетокот на претходниот филм) и оди заедно со Коливан во палатата.Таму, убавата дама (всушност Баба Јага) повикува два џиновски зајаци од ковчег, тие ги зашеметуваат чуварите и го присилува принцот, јавнат на Јулиј, да го сруши ѕидот и да скокне на врвот на кулата.

Коливан излегува со јунаците пред одредот и им вели дека принцот од Киев полудел, и го прогласил за луд. Сепак, одредот вика дека лаже. Како доказ, тој повикува клонови јунаци, кои ги потврдуваат неговите зборови и одредот се распушта. Во тоа време, вистинските јунаци, напуштени на егзотичен остров, доаѓаат кај локалните абориџини. Тие ги назначуваат за големи кралеви и ги замолуваат да го спасат Гомума од големата горила. Јунаците ја победуваат Гомума и таа ветува дека нема да ги повредува островјаните.

Во Киев, Коливан зема накит и драгоцености од мештаните а Баба Јага организира бал. Жените на јунаците откриваат дека нивните сопрузи биле заменети: јунаците-измамници не фрлаат сенки и не се гледаат во огледала, туку се однесуваат како роботи - буквално следат наредби и нагло, без интонирање, изговараат зборови. Јулиј, принцот, баба и Тихон организираат партизанско движење. Во шталата ги наоѓаат огромните зајаци, но кравата е вљубена во Јулиј и таа ги спасува партизаните.

Принцот се појавува на улиците на градот и ги повикува жителите на градот да се побунат против узурпаторите, а сопругите на јунаците со Змејот Горнич влегуваат во палатата и ги казнуваат Koливан и Баба Јага. Последните бегаат во подземјето и повторно ги повикуваат зајаците од ковчегот. Луѓето се разбегале а принцот и неговите пријатели биле заробени. Клоновите на јунаците ги предаваат Коливан и Бабу-Јага и се обидуваат да ги спасат заговорниците, но не успеаваат (излегува дека клоновите на јунаците немаат дури ни сила на јунак). Баба Јага се обидува да ги убие предавниците, но тогаш вистинските јунаци се враќаат со домородците и ја спасуваат ситуацијата а Баба Јага и Коливан успеваат да избегаат. На крајот од филмот, клоновите јунаци отпловуваат на сплав со домородците и стануваат нивни кралеви.

Реакција на благајните и публиката[уреди | уреди извор]

Филмот заработил сума од 31,5 милиони УСД. Општо, цртаниот филм добил негативни критики и бил препознаен од гледачите како најлош не само од франшизата, туку и од сите цртани филмови на студиото „Мелница“ и покрај позитивната оценка од професионалните критичари. Петтиот дел од франшизата се покажал како најкатастрофалниот од целата франшиза за јунаците заснован на резултатите од прегледите на обичните гледачи на популарните и авторитетни Интернет портали.[1]

Критика[уреди | уреди извор]

Прегледите од критичарите биле измешани. На Мегакритис, цртаниот филм има 4,6 бода од 10.[1] Цртаниот филм добил 66 бода од 100 за критика.[2] На филм.ру цртаниот филм добил 6 sвезди од 10.[3]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Тројца јунаци на далечните брегови. Кинокласика. — М.: Егмонт, 2013. — 80 с. — (Кино-класика). — ISBN 978-5-9539-8588-8, 978-5-9539-8589-5.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]