Тракијци од Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тракијци од Бугарија[1] (бугарски: Траки от България) се регионална група на народ со Грчко или Турско потекло во Бугарија кој се родени во Бугарскиот дел од Тракија. Според бугарската историографија, овој народ е бугарско.

Историја[уреди | уреди извор]

Мапа на населението во Бугарскиот дел од Тракија во 1897, според истражувањето на народот во 1897 во тие региони биле претежно Турци и Грци со мал број на Македонци

Тракискиот народ во Бугарија постоеле во време на антички период, биле претежно населени во Античка Македонија. До почетокот на дваесеттиот век Тракискиот народ беше во Отоманската империја. По прогоните за време на Илинденското востание и етничкото чистење, предизвикано врз населението во Источна Тракија по Втората балканска војна, овие луѓе биле протерани од областа. По Првата светска војна, од Бугарија се бараше да ѝ ја отстапи Западна Тракија на Грција.

Голем број на населението во Западна Тракија беше протерано во Северна Тракија под контрола на Бугарија и заради тоа бројот на Тракијци во Бугарија се зголеми. Ова беше проследено со натамошна размена на население меѓу Бугарија и Грција (според Договорот од Нејски), што радикално ја промени демографијата на регионот кон зголемена етничка хомогенизација на териториите на кои на крајот им беше доделена секоја соодветна земја. Во овој период Бугарската комунистичка партија беше принудена од Коминтерната да прифати формирање на нова тракиска нација врз основа на овој народ за да ги вклучи во нова посебна тракиска држава, како дел од идната балканска комунистичка федерација.[2]

Последниот проток на тракиски бегалци во Бугарија беше кога бугарската армија се повлече од регионот Серско-Драма кон крајот на 1944 година.[3]

Со пристапувањето на Бугарија во Европската унија, бугарските власти изгледа повторно го разгледуваат ова прашање како предуслов за членство на Турција во Европската Унија. Бидејќи некој Тракијци од Бугарија живеат во лоши услови во турскиот дел од Тракија.[4]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. The Thracian and His World. Proceedings of the eighth National Conference of Bulgarian Ethnologists, Haskovo 1995. Sofia, 1 Publication: ETHNOLOGIA BULGARICA. Yearbook of Bulgarian Ethnology and Folklore (2/2001), Stamenova, Jivka; Language: English Subject: Anthropology, Issue: 2/2001, Page Range: 141-143
  2. V, Joseph. The Communist Party of Bulgaria; Origins and Development, 1883-1936. Columbia University Press. p. 126.
  3. Migrattsionni protsesi v Bŭlgariiia sled Vtorata svetovna voina, Boika Vasileva, Univ. izd-vo "Sv. Kliment Okhridski", 1991, str. 138-146.
  4. Bulgaria: Bulgaria Backs Thrace Refugees in Claiming Compensations from Turkey - Sofia News Agency