Теодорокан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Теодороканвизнатиски војсководец со ерменско потекло кој служел под царот Василиј II како на истокот така и на Балканот.

Живот[уреди | уреди извор]

Карта на Византиско-бугарските војни за време на владеењето на Василиј II и цар Самоил

Неговото име е хеленизиран облик на ерменското T‘ot‘orakan („припаѓа на Теодор“).[1] Низа на печати кои му се придаваат на него од страна на Иван Јорданов овозможуваат детална реконструкција на неговата првична кариера, при што тој бил протоспатариј и служел како стратег (воен управител) на Арце и како архегет на истокот.[1] Најверојатно е дека тој бил стратег на Арце во периодот од 975 до 979 година, кога тврдината била под византиска власт, за подоцна да биде унапреден во архегет,[1] служба која неодамна била создадена која имал команда нас порфесионалната (целосно ерменска) пешадија на источните армии.[2]

Првпат директно се спомнува во изворите (историја на Јован Скилица) во 990-ите (околу 994 година според Николас Адонц), кога бил назначен од царот Василиј II, кој во тој период бил во војна со бугарите, како стратег во Пловдив.[1] Во 1000 година, заедно со Никифор Ксифиј, тој водел армија која набрзина ја освоила тврдината Велики Преслав, Мал Преслав и Плиска, со тоа воспоставувајќи византиска власт на североисточниот дел на Бугарија, првично освоен од царот Јован I на почетокот на 970-ите.[1][3] Кус период подоцна, Теодорокан се повлекол поради својата возраст, и бил заменет од Ксифиј.[1]

Војководците Ѓорѓи Теодорокан и Василиј Теодорокан, кои служеле при крајот на XI век, се претставени како негови синови од страна на Адонц, но, иако е можно, таквата роднинска поврзаност не може да се докаже.[1][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 PmbZ, Theodorokanos (#27615).
  2. Cheynet 2003, стр. 88.
  3. Stephenson 2003, стр. 111–112.
  4. ODB, "Theodorokanos" (A. Kazhdan), p. 2050.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Cheynet, Jean-Claude (2003). „Basil II and Asia Minor“. Во Magdalino, Paul (уред.). Byzantium in the Year 1000. Leiden: Brill. стр. 71–108. ISBN 90-04-12097-1.
  • Kazhdan, Alexander, ed. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6.