Ташко Белчев
Ташко Белчев | ||
Роден | 18 март 1926 Пателе, Леринско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 8 февруари 2015 Скопје | |
Националност | Македонец | |
Познат | научник од областа на древната македонска цивилизација, писменост и култура | |
Занимање | филолог и палеолингвист | |
Сопружник | Махи | |
Татко | ||
Родители | Друме и Јана | |
Деца | Толе и Друме |
Ташко Д. Белчев (18 март 1926 - 8 февруари 2015) — македонски славист, палеолингвист, професор и научник од областа на древната македонска цивилизација, писменост и култура. Основач е на катедрата за полски јазик и книжевност.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е на 18 март 1926 година во с. Пателе, Леринско. Со основно образование се стекнал во родното село, а средното образование го завршил во Битола во 1947 година. Учесник е во граѓанската војна во Грција од 1947-1949. Како ранет партизан од полската болница во Горица, Албанија, со сопругата заминува за Полска. Со високо образование се стекнал во Варшава и Вроцлав, НР Полска. Во 1960 година се враќа во Македонија. Од тогаш живее во Скопје. Во 1961 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скопје како асистент на катедрата за славистика. Докторската дисертација ја одбранил во 1972 година во Скопје, каде што работел како вонреден професор на катедрата за славистика. Ташко Белчев е основач на катедрата за полонистика (катедра за полски јазик и книжевност).
Негови дела
[уреди | уреди извор]Учебници
[уреди | уреди извор]Автор е на четири универзитетски учебници:
- „Синтакса на современиот македонски литературен јазик“, Вроцлав 1957. Скопје 1980 година, издавач Фонографика од Скопје;
- „Преглед на полската литература“, Просветно дело, Скопје 1979,
- „Руски јазик за студентите од Филолошкиот факултет“, Фонографика, Скопје 1984;
- „Руски јазик за студентите од Економскиот факултет“, издание на Универзитетот „Кирил и Методиј“ 1980 година.
Тетралогии
[уреди | уреди извор]Издава две тетралогии:
- „Книжевни паралелии“, Студентски збор, 1982;
- „Обид за синтеза“, Наша книга, Скопје 1989.
Дела од областа на древномакедонската писменост
[уреди | уреди извор]Од областа на древномакедонската праисториска писменост ги издава следниве дела:
- „Македонија четири илјадни години писменост цивилизација и култура“ книга 1, „Штрк“ 1993;
- „Македонија четири илјади години писменост цивилизација и култура“ книга 2, „Штрк" 1996;
- „Македонија четири илјади години писменост цивилизација и култура“, Македонија центар на венетска цивилизација на Балканот и пошироко книга 3, „Профа компани“ 1995;
- „Македонија четири илјади години писменост цивилизација и култура - Македонија центар на современата теогонија“ книга 4, „Профа компани" 1996;
- „Орфеј горпеј“ книга 1, „Профа компани" 1997,
- „Орфеј горпеј“ книга 2, „Профа компани" 1998;
- „Орфеј горпеј“ книга 3, „Профа компани" 1998;
- „Орфеј горпеј“ книга 4, „Профа компани" 1998;
- „Орфеј горпеј“ книга 5, приватно издание 2004
- „Орфеј горпеј“ книга 6, приватно издание 2007
- „Орфеј горпеј“ книга 7, приватно издание 2008
- „Орфеј горпеј“ книга 8, приватно издание 2008
- „Орфеј горпеј“ книга 9, приватно издание 2008
- „Орфеј горпеј“ книга 10, приватно издание 2008
- „Орфеј горпеј“ книга 11, приватно издание 2008
- „Орфеј горпеј“ книга 12, приватно издание 2008.
Поезија
[уреди | уреди извор]- „Пориви“, Скопје 1962,
- „Бранот на југовината“, Скопје 1963.
- „Цар Самоил“, поема, Скопје 1963.
- „Афродита“ поема, 2000.
- „Спомени“, 2004.
Прозни дела
[уреди | уреди извор]Ташко Белчев има издадено збирка раскази со наслов „Мирка“ во 1964 година, но и други прозни дела: „Маченици“, издание на БороГрафика 1999 година; „Поклонение“, од теоријата на литературата, издание 2000 година, „Ронка македонизам вон границите на Македонија“, од историјата на Вроцлавскиот кружок, издание Скопје 1985 година.
Има напишано и објавено преку стотина натписи и студии од тетралогијата Македонија девет милениуми писмена цивилизација и култура, а повеќето од нив се објавувани во списанијата и весниците: „Македонија за иселениците“, „Македонско сонце", „Ден“, „Вечер“, „Нова Македонија“, „Македонско време", „Јазикот во практика“, „Македонија" весник на нашите иселеници во Мелбурн, Австралија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Здружение на антички Македоци Архивирано на 5 август 2018 г.
- Венди-Вендети
- Светски македонски конгрес Архивирано на 27 октомври 2007 г.
- Историја на катедрата за славистика[мртва врска]
- Ксантика
- Утрински весник[мртва врска]