Танчо Филипов
Изглед
Танчо Филипов | ||
Роден | 1892 Обаја, Валовишко, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1924 |
Стојан (Танчо) Филипов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Филипов е роден во селото Обаја, Валовишко во 1892 година, тогаш во Османлиското Царство.[1] Стапил во ВМРО по што бил избран за петрички околиски војвода.[2] Во јули 1924 г. бил делегат на Струмичкиот окружен конгрес на организацијата[3] каде заедно со Атанас Ансаров е избран за советник во окружниот комитет.[4][5]
Во периодот на Горноџумајските случувања во есента 1924 година бил личен телохранител на Алеко Василев, заедно со Ангел Коларов, Тома Ружкин и Нашко Елшански.[6] Загинува во периодот на Горноџумајските случувања во истата 1924 г.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Гаджев, Иван (2007). Иван Михайлов (Отвъд легендите). Том първи: Иван Михайлов и ВМРО. София: Университетско издателство „Св. Климент Охридски“. стр. 395. ISBN 978-954-07-2586-4.
- ↑ Шанданов, Петър (2010). Богатство ми е свободата. Спомени. София: Гутенберг. стр. 188. ISBN 978-954-617-117-7.
- ↑ Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 77.
- ↑ Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 80.
- ↑ Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 17-18.
- ↑ „Заговорътъ противъ Тодоръ Александровъ. По данни на Вѫтрешната Македонска Революционна Организация“ (PDF). 1924. стр. 37, 39. Посетено на 31 март 2024.