Таип Таипи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Таип Таипи (албански: Taip Taipi; Асамати, Ресенско, 26 октомври 1924 - Белград, 19 октомври 2001) — македонски и југословенски политичар, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Таипи е роден на 29 октомври 1924 година во преспанското село Асамати. Завршил Правен факултет. Бил учесник во НОБ од 1941 година како заднински соработник, а потоа, од јули 1943 година, бил борец во Битолско-преспанскиот партизански одред, во Првата, а потоа во Третата македонска ударна бригада, од каде преминува во Четвртата македонска албанска бригада.[2]

По Ослободувањето бил на разни раководни должности во ЈНА до 1956 година, а потоа бил стручен соработник и секретар на Сојузното јавно обвинителство од 1956 до 1966 година, републички секретар за правосудство на СРМ (1966 - март 1969) и пратеник во Соборот на народите на Собранието на СФРЈ во 1970 година. Умира во Белград, Србија на 19 октомври 2001 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1463 стр.
  2. Нешо Маркоски „Беличица во пламен“, „Полог“, Тетово, 1975, 13 стр.