Тавромахија (Гоја)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тавромахија или (Уметноста на коридата ) - (шпански La tauromaquia) е циклус од 32 графики на шпанскиот сликар Франсиско де Гоја, создаден помеѓу 1815 и 1816 година[1].

Графиките содржат бројни мотиви, детали и ликовни размислувања кои се директно инспирирани од коридата и борбата на тореадорите со биковите, кои биле голема страс на уметникот.

Покрај 32- те графики од циклусот, кон нив или со истата тематика биле создадени уште 7 графики но, поради лошиот квалитет на отпечатоците не биле вклучени во останатите дела на циклусот [2].

Историски прилики во кои се создадени графиките[уреди | уреди извор]

Уште на почетокот на 19 век, Гоја сакал да создаде графички циклус посветени на борбите со бикови, можно е овој проект да бил прекинат со избувнувањето на војната наметната од наполеоновата француска војска во Шпанија. По завршувањето на војната, Гоја се посветил на работата на „Тавромахија“ – веднаш по завршениот циклус „Ужасите на војната

Гоја сакал да илустрира некои фрагменти од трактатот за борбите со бикови, напишан од Моратин. Но, се предомислил и создал графички дела инспирирани од неговите сопствени спомени и опсервации. Покрај бројноста на публиката, своевиден народен собир, тој се обидел да ги претстави судирот помеѓу човекот и нескротливата моќ на природата [3].

Датирање[уреди | уреди извор]

Иако како мотив, Гоја долго време бил посветен на оваа тема, која ја реализирал и на слики работени во маслена техника, целосно се посветил на оваа за него страсна и сакана тема по завршувањето на војната со Франција и по завршувањето на неговиот генијален графички циклус „Ужасите на војната“, од 1815 до 1816 година.[4].

Техника[уреди | уреди извор]

Графичката техника во која биле направени графиките е бакропис и акватинат, за разлика од циклусот „Ужасите на војната“ каде што не можел целосно да ја употребува оваа негова омилена техника, во циклусот „Тавромахија“ гоја речиси во целост ја употребува акватинтата тонирајќи ја со сепија колорит.[5].

Теми и структури[уреди | уреди извор]

Во целиот циклус односно сите негови 32 графики вклучително и седумте кои денес не се вклучени во оваа збирка, Гоја ја варира темата на арената, големиот собир на публика и борбата на тореадорите со биковите. Во сите графики тоа е уметничкото миље без отстапки. Но, во сите дела е различен неговиот пристап, ракурс, перспектива, начин на доживување и претставувае на мотивот.[6].

Уметничко значење[уреди | уреди извор]

Покрај графичките циклуси „Капричосите“ и „Ужасите на војната“ , „Тавромахијата“ е исто така уметнички подвиг не само во графичкото творештво туку у во ликовното создавање и уметноста воопшто. Со импресивен израз, снажни потези, моќ длабоко да се продре во универзалноста на човечката битка пред исконската сила на природата Гоја, создал дела кои се исклучително снажни, импесивни, динамични и необични во изразот.

Неговиот ликовен израз е еден век пред времето и во овој циклус во кој го најавува експресионизмот, се поставуваат темелите на ликовната уметност на дваесеттиот век особено по Првата светска војна па до денес. Овој циклус е еден од основните и важни водичи и инспирации во творештвото на неговиот сонародник Пабло Пикасо , век и половина подоцна.[7].

Галерија[уреди | уреди извор]

Необјавените отпечатоци[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tauromaquia[мртва врска]
  2. Goya
  3. GOYA, Francisco (1746-1828)
  4. Goya sacó a la venta en 1816
  5. „Goya y la tauromaquia“. Архивирано од изворникот на 2020-10-22. Посетено на 2020-11-17.
  6. „LA TAUROMAQUIA DE GOYA A LA LUZ DE SU CONTEXTO: EL PROBLEMA DE LA INTERPRETACIÓN“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2017-07-13. Посетено на 2020-11-17.
  7. „La Tauromaquia de Goya“. Архивирано од изворникот на 2016-10-27. Посетено на 2020-11-17.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]