Прејди на содржината

Сундски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сундски
ᮘᮞ ᮞᮥᮔ᮪ᮓ Basa Sunda
Застапен воИндонезија
ПодрачјеЗападна Јава, Бантен, Џакарта, делови од западна Централна Јава
НародСунди, Бадуи
Говорници34 милиони  (2000)
Јазично семејство
Писмолатиница (денес)
пегон (верска)
сундско писмо (по избор)
Статус
Службен воЗападна Јава (како регионален јазик)
Јазични кодови
ISO 639-1su
ISO 639-2sun
ISO 639-3или:
sun — сундски
bac — бадујски

Сундски јазик (Basa Sunda, со сундско писмо: ᮘᮞ ᮞᮥᮔ᮪ᮓ) — јазик од малајско-полинезиското семејство со околу 27 милиони говорници во западниот дел на Јава, што претставува 15% од населението на Индонезија.

Јазикот е поблизок на мадурскиот и малајскиот, а во подалечно сродство со јаванскиот. Има неколку дијалекти:

Пријанганскиот дијалект е најзастапен и се предава во основните училишта (нижи и виши паралелки) во Западна Јава и покраината Бантен.

Сундскиот може да се пишува на разни писма, од кои матични се сундското писмо и „пегон“-от (вид арабица) кој се употребувал порано, а денес наоѓа само верска употреба. Денес најзастапена е латиницата.

Фонологија

[уреди | уреди извор]

Правописот на сундскиот јазик е мошне фонетски. Постојат пет самогласки: /ɑ/, é /ɛ/, i /i/, o /ɔ/, u /ʊ/, две полусамогласки; e /ə/ и eu /ɤ/ и 18 согласни фонеми што се транскрибираат со буквите p, b, t, d, k, g, c (изгов: /tʃ/), j, h, ng, ny /ɳ/, m, n, s /s/, w, l, r (трепетно или едноударно) и y /j/. Сепак, јазикот има 16 согласки, а останатите се странски гласови во заемки.

Честопати согласките што се јавуваат во заемки се одомаќинуваат во сундски согласки: f → p, v → p, sy → s, sh → s, z -> j и kh /x/ → h.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]