Мадурски јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мадурски
Basa Mathura
Застапен во островите Мадура и Сапуди, северно крајбрежје ја источна Јава, Сингапур
Народ Мадурци
Говорници 14 милиони  (1995)
Јазично семејство
Дијалекти
Јазични кодови
ISO 639-2 mad
ISO 639-3 mad
Мадурски текст напишан на јаванско писмо (1890)

Мадурскиот (Basa Mathura) е матичен јазик на Мадурците, жителите на островот Мадура и источна Јава, Индонезија. Се говори и на помалите соседни острови Кангеан и Сапуди, како и во иселениците во други делови на Индонезија Пасуруан, Сурабаја и Маланг, па сè до Бањуванги и островската група Масалембу. Кангеанското наречје на јазикот може да се смета за посебен јазик. Мадурскиот порано се пишувал со јаванското писмо, но денес позастапена е латиницата. Бројот на говорници постојано се намалува. Во 1995 изнесувал 14 милиони, а денес се проценува дека јазикот го говорат 8-13 милиони луѓе.

Сродноста со балиско-сасачките јазици е позабележлива во народниот облик на јазикот. Извесни зборови мадурскиот ги дели со филипинските јазици и банџарскиот. Има неколку дијалекти.

Фонологија и морфологија[уреди]

Мадурскиот има повеќе согласки од соседните јазици бидејќи има безвучни неприздивни, безвучни приздивни и звучни гласови. Слично како јаванскиот, постои изразена разлика помеѓу забните и венечните (дури и свиените) избувни согласки.[1] Именките не се менуваат по род, а множината се претставува со редупликација. Зборовниот ред е од обликот „подмет-прирок-предмет“ (SVO). Негацијата се изразува со негативна честичка пред глаголот, придавката или номиналната фраза. Како и кај другите сродни јазици, постојат повеќе негативни честички за разни видови на негација.

Почести зборови[уреди]

  • маж: lalake
  • жена: babine
  • да: iya
  • не: enja
  • вода: aeng
  • сонце: are
  • три: tello'
  • јас: sengko'
  • ти: be'en

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Stevens, Alan (2001) "Madurese", in Facts About the World's Languages, Jane Garry (ed.) & Carl Rubino (ed.), New York: H. W. Wilson