Судењето во Нирнберг (филм од 1961)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Судењето во Нирнберг (англиски: Judgement at Nuremberg) е американски филм од 1961 година, во режија на Стенли Крамер (Stanley Kramer) по сценариото на Еби Ман (Abby Mann). Главните улоги ги играат: Спенсер Трејси (Spencer Tracy), Марлен Дитрих (Marlene Dietrich), Монтгомери Клифт (Montgomery Clift), Ричард Видмарк (Richard Widmark), Максимилијан Шел (Maximilian Schell), Џуди Гарланд (Judy Garland), Берт Ланкастер (Burt Lancster) и Вернер Клемперер (Werner Klemperer). Филмот освоил две награди „Оскар“ (за сценарио и за најдобра машка улога).

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во 1948 година. По судењето на нацистичките водачи во Нирнберг од страна на Меѓународниот суд, некои случаи не се целосно расветлени. Започнува судскиот процес против четворица германски судии кои се обвинети за злоупотреба на својата положба, за присилно стерилизирање на луѓето и за одредување смртна казна против политички неподобните. Пензионираниот американски судија Хејвуд (го игра Трејси) ја прифатил задачата да ја докаже вината на судиите кои за време на војната „само ги извршувале наредбите на претпоставените“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]