Страдањето на Јованка Орлеанка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Страдањето на Јованка Орлеанка“ (француски: La Passion de Jeanne d'Arc) — француски филм од 1928 година, во режија на Карл Теодор Драјер (Carl Theodor Dreyer), кој е автор и на сценариото заедно со Жозеф Делтеј (Joseph Delteil). Главните улоги во филмот ги толкуваат: Рене Жан Фалконети (Renée Jeanne Falconetti), Ежен Силвен (Eugene Silvain), Андре Берле (André Berley), Морис Шуц (Maurice Schutz), Антонен Арто (Antonin Artaud), Луј Раве (Louis Ravet), Мишел Симон (Michel Simon) итн. Филмот се смета за една од пресвртните точки во историјата на кинематографијата, благодарение на продукцијата, режијата и глумата на Факлонети која често се наведува како една од најдобрите изведби на сите времиња. Во 1929 година, филмот ја освоил наградата на Американското здружение на филмските критичари за најдобар странски филм,[1] а во 1999 година, во изборот на „Village Voice Film Poll“, филмот бил прогласен за осми најдобар филм на XX век.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот ги прикажува последните денови на Јованка Орлеанка, нејзиното судење и погубувањето. Таа е заробена и одведена во Англија, каде група судии и теолози ѝ судат. Тие ја обивнуваат дека е опседната од ѓаволот и бараат од неа да се покае, но таа упорно тврди дека Господ ја испратил да ја изврши нејзината мисија, така што ѝ го испратил св. Архангел Михаил. Судиите и теолозите постојано ја навредуваат и ѝ се потсмеваат, но некои од нив покажуваат симпатија кон неа. Бидејќи таа упорно останува на своите ставови, ја носат во собата за мачење, но не успеваат да ја скршат. На крајот, соочена со смртната казна, таа попушта и признава дека била заблудена од ѓаволот и така го избегнува погубувањето. Меѓутоа, штом ја вратат во затворот, таа го отфрла даденото признание. Поради тоа, таа е жива запалена, а насобраниот народ се свртува против англиската војска.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]