Стив Рајх

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стив Рајх во 2006

Стивен Мајкл "Стив" Рајх (play /ˈrʃ/;[1] роден на 3 октомври 1936 година) е американски композитор, еден од пионерите на минималистичка музика заедно со Ла Монте Јанг, Тери Рајли, и Филип Глас.[2][3][4]

Меѓу неговите иновации во компонирањето се издвојуваат користењето на tape loops во создавањето на фазорни модели (на пример во неговите рани композиции It's Gonna Rain и Come Out) и употребата на едноставни, чујни процеси при истражувањето на музички концепти (во композициите Pendulum Music и Four Organs). Овие композиции, значајни поради употребата на репетитивни фигури, спори хармонски ритми и канони, се исклучително влијателни во современата музика, пред сè во САД. Делата на Рајх добиваат таинствен карактер во 1980-тите со воведувањето на историски теми и теми од неговото Еврејско потекло, особено со Different Trains, композиција наградена на Греми за Најдобра класична современа композиција.

Стилот на Рајх имал влијание врз многу композитори и музички групи, опишан од музичкиот критичар Ендрју Клементс во The Guardian како "грст од живи композитори кои можат со право да потврдат дека е движечка сила во музичката историја",[5] и критичарот Кајл Ган вели "може слободно да се каже дека е најголемиот американски жив композитор."[6]

На 25 јануари 2007 година, Рајх беше добитник на Polar Music Prize, заедно со џез саксофонистот Сони Ролинс, а на 20 април 2009 година, се стекнува со Пулицерова награда за музика за композицијата Double Sextet.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Say How? A Pronunciation Guide to Names of Public Figures“. National Library Service. May 2006. конс. October 15, 2009. See also here [1] and here (sound clip). 
  2. Mertens, W. (1983), American Minimal Music, Kahn & Averill, London, (p.11).
  3. Michael Nyman, writing in the preface of Mertens' book refers to the style as "so called minimal music"(ibid p.8).
  4. "The term 'minimal music' is generally used to describe a style of music that developed in America in the late 1960s and 1970s; and that was initially connected with the composers La Monte Young, Terry Riley, Steve Reich, and Philip Glass." Sitsky, L. (2002), Music of the twentieth-century avant-garde: a biocritical sourcebook,Greenwood Press, Westport, CT. (p.361)
  5. „Radio 3 Programmes – Composer of the Week, Steve Reich (b.1936), Episode 1“. BBC. October 25, 2010. конс. October 16, 2011. 
  6. Gann, Kyle. „Grand Old Youngster“, „The Village Voice“, 13 јули 1999 (посет. 27 септември 2008 г).
  7. „Pulitzer Prize for Music citation 2009“. Pulitzer.org. конс. October 16, 2011.