Станка Златева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
STANKA ZLATEVA.jpg
Олимписки медали
Натпреварувач за  Бугарија
Женско борење во слободен стил
Сребро 2008 Пекинг
Светско првенство
Злато Гуангџоу 2006
72 кг
Злато Баку 2007
72 кг
Злато Токио 2008
72 кг
Злато Москва 2010
72 кг
Злато Истанбул 2011
72 кг
Бронза 2009 Хернинг
72 кг
Европско првенство
Злато Москва 2006
72 кг
Злато Софија 2007
72 кг
Злато Тампере 2008
72 кг
Злато Вилнус 2009
72 кг
Злато Баку 2010
72 кг
Бронза Варна 2005
72 кг
Бронза Дортмунд 2011
72 кг

Станка Златева Христова (бугарски: Станка Златева Христова) (роден на 1 март 1983 во Крушаре, Сливенска област) е бугарска борачка. Таа го освои сребрениот медал на Летните олимписки игри во 2008, одржани во Пекинг во дисциплината слободен стил до 72 кг.

Станка Златева се занимава со женско борење уште од 1997 година, когаш била на 14 годишна возраст. Нејзиниот прв тренер бил Демир Демирев а потоа таа тренирала со Валери Рајчев во Ќустендилски спортски клуб и во репрезентацијата, како и со Огњан Рајчев во репрезентацијата. Од 2006 година таа се натпреваруваа за Левски Софија, каде што нејзиниот тренер е поранешниот светски шампион и трикратен европски шампион Симеон Штерев.

Таа била првиот бугарски женски борач на Олимпијада. Дебитирала на Олимпијадата во 2004 година во Атина, каде што таму Златева ја претставувала и била 12 на листата. Во 2008 на Олимписките игри во Пекинг, таа беше подготвена да го освои златото, но изгуби изненадувачки во финалето од Ванг Џиао на НР Кина.

Во крајот на 2010 година, беше откриено дека Златева била понудена да се натпреварува за Азербејџан на Олимпијадата во 2012, но беше цврсто одбијено да се разговараа за секоја таква можност со азербејџанците, како што таа ќе биде подготвена да ја претставува само Бугарија.[1]

На 19 декември 2011 година Станка Златева беше одликувана со титула бугарски спортист на годината за третпат од почетокот на нејзината кариера во женското борење, станувајќи заеднички еднакви со борачот Бојан Радев во однос на бројот на пати, когаш го освоиле титулот бугарски спортист на годината.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [„Неустоимо предложение за Станка Златева! (бугарски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на бугарски]]“. Архивирано од изворникот на 2012-03-28. Посетено на 2012-05-08. URL–wikilink conflict (help) Неустоимо предложение за Станка Златева! (бугарски)]
  2. Станка отново е спортната гордост на България! След нея е Петър Стойчев (бугарски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]