Српски тробоен ’рт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Српски тробоен ’рт
Потекло Србија
Особености
Тежина 20–25 кг
Висина Мажјак 45–55 см
Женка 44–54 см
Крзно кратко
Боја тробојно
Животен век 12 години
куче (Canis lupus familiaris)

Српски тробоен ’рт или српски тробоен загарпасмина ловечки кучиња, по потекло од Србија, што му припаѓа на семејството загари.[1]

Потекло[уреди | уреди извор]

Потеклото на српскиот тробоен ’рт е слично на другите загари на Балканот. Во текот на 1946 година се расправало дали се работи за самостојна пасмина или е само вариетет на српскиот ’рт. Било заклучено дека се работи за независна пасмина и бил направен првиот стандард. На меѓународната изложба на кучиња во Белград на 7 и 8 јуни 1950 година овие кучиња биле официјално прикажани, а Меѓународниот кинолошки сојуз на 25 јули 1961 година официјално ја признал пасмината и го објавил стандардот.[1]

Особености на пасмината[уреди | уреди извор]

Изглед[уреди | уреди извор]

Изглед на српскиот тробоен ’рт

Српскиот тробоен ’рт, цврсто, флексибилно тело во правоаголен облик, делува сигурно и пргаво. На главата, со малку нагласена стапка, е аглеста муцка. Ушите, поставени прилично ниско, со заоблени врвови, висат без набори. Опашката, која има облик на сабја во долната половина, се спушта до глуждот. Крзното, бушаво, малку грубо и сосем рамно, е поставено со изобилно подвлакно. Бојата на крзното е црна, со кафеави ознаки кај планинската сорта, тробојна кај истоимената сорта, односно жолтокафеава со бело на главата, градите и нозете, со црно крзно. Просечната висина на мажјакот е од 45 до 50 сантиметри, а женката е нешто пониска од мажјакот. Просечната тежина на мажјакот е од 20 до 25 килограми, додека женката е малку полесна од мажјакот.[2]

Темперамент[уреди | уреди извор]

Живо и темпераментно куче. Посветен му е на својот сопственик и многу доверлив. Многу е издржлив, паметен, има добро развиено сетило за мирис и е одличен загар.[3]

Животен век[уреди | уреди извор]

Животниот век на оваа пасмина е од 12 до 15 години.[2] [3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Српски тробојни гонич Архивирано на 6 февруари 2017 г., Кинолошки савез Републике Србије
  2. 2,0 2,1 Српски тробојни гонич Архивирано на 22 јуни 2016 г., zivotinje.rs
  3. 3,0 3,1 Српски тробојни гонич, mezimci.rs