Златна бубамара на популарноста: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја и позадина: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Aт → Ат
с →‎Поврзано: Јазична исправка, replaced: = Видете исто така = → = Поврзано =
Ред 39: Ред 39:
{{Пстк}}
{{Пстк}}


== Поврзано ==
== Видете исто така ==


* [[Македонска култура]]
* [[Македонска култура]]

Преработка од 10:45, 25 март 2021

Златна бубамара на популарноста
Мрежно местоhttp://zlatnabubamara.mk Уреди на Википодатоците
Златна бубамара на популарност, исто така познато и само како Златна бубамарамакедонско шоу за награди во областа на популарната култура во Македонија. Организирано е од страна на Радио Буба Мара и се одржува секоја година во Скопје. Од основањето на шоуто во 1997 година, Златна бубамара доделува признанија и награди за најголемите достигнувања на годината во областа на македонската култура и се одликува со награди за повеќе категории, вклучувајќи музика, филмови, спорт, театар и ТВ-емисии.

23-то издание на шоуто, одржано на стадионот „Борис Трајковски“ во февруари 2020 година, било проследено од 55% од македонското население со кое Златна бубамара претставува едно од најгледаните шоуа во земјата.[1]

Историја и позадина

Првата церемонија и инаугурација на шоуто се одржала во 1997 година од страна на организаторот Ранко Петровиќ.[2]

Златна бубамара се одржува секоја година во Скопје. Презентерите на претставата обично користат сатира за да ја опишат социо-политичката состојба и другите секојдневни настани во земјата. Покрај тоа, настапи од музички уметници и танчери се исто така дел од програмата на шоуто.[3]

Награди

За време на претставата, се доделуваат награди за најпопуларните дела во повеќе категории поврзани со македонската популарна култура, вклучувајќи достигнувања во музика, филмови, спорт, ТВ-емисии и танц.[2] На последната церемонија, награди беа доделени во следниве категории:

  • Инклузивна танцова претстава
  • Најпопуларна детска ТВ емисија
  • Песна за век и векови
  • Пејачка на годината
  • Хит на годината
  • Спортски подвиг
  • Трајни музички вредности
  • Театарска претстава
  • Актер на годината
  • Глумица на годината
  • Најпопуларна регионална пејачка
  • Животно дело во областа на музиката
  • Трајни музички вредности во етно музиката
  • Интернационална награда за животно дело
  • Концерт
  • Животно дело во областа на филмот
  • Награда за прва труба
  • Најголем интернационален успех
  • Амбасадори на македонската култура
  • Спортски успех
  • Музички Продуцент
  • ТВ глумица
  • Најпопуларна ТВ Проект
  • Трајни музички вредности во рок-музика
  • Трајни музички вредности
  • Пејач на годината

Поврзано

Наводи

  1. „Златна бубамара 2020“. Посетено на 26 јули 2020.
  2. 2,0 2,1 Spasovski, Vasko (28 февруари 2020). „Златна Бубамара 2020: Сашко Коцев го „избриша" подот со РЕКЕТ, Атиџе запеа пред публиката! (Галерија)“. Слободен Печат. Посетено на 26 јули 2020.
  3. Павловска, Јасминка (29 февруари 2020). „За 23 години постоење, „Златна бубамара" преживеа неколку вируси“. Нова Македонија. Посетено на 26 јули 2020.

Надворешни врски