Разлика помеѓу преработките на „C (програмски јазик)“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
нема опис на уредувањето
с (→‎Понатамошно развивање: Исправка на помешани латинични меѓу кириличните букви, replaced: сe → се)
 
| influenced = [[AMPL]], [[AWK]], [[C shell|csh]], [[C++]], [[C--]], [[C Sharp|C#]], [[Objective-C]], [[BitC]], [[D (programming language)|D]], [[Go (programming language)|Go]], [[Java (програмски јазик)|Java]], [[JavaScript]], [[Limbo (programming language)|Limbo]], [[LPC (programming language)|LPC]], [[Perl]], [[PHP]], [[Pike (programming language)|Pike]], [[Processing (programming language)|Processing]], [[Seed7]]
}}
'''Програмскиот јазик Ц (C)''' е релативно нов програмски јазик. Тој е програмски јазик кој ги одбележа осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Ц е најраширен програмски јазик на светот. Тој е едноставен и елегантен програмски јазик кој ја пополнува празнината меѓу вишите програмски јазици и асемблерите (assembler) бидејќи ги комбинира особеностите на вишите програмски јазици со функционалноста на асемблерите. Поради тоа Ц можеме да го наречеме јазик што ги обединува својствата и на вишите програмски јазици и на асемблерите.
 
За творец на овој програмски јазик се смета [[Денис Ричи]] (Dennis Ritchie) од Bell-овите лаборатории на АТ&Т. Тој заедно со [[Кен Нортон]] (Ken Northon) работел на дизајнирање на првичните верзии на оперативниот систем [[Јуникс|ЈУНИКС]] (UNIX) и го имплементира на PDP 11. Во 1978 година [[Брајан Кернихан]] (Brian Kernighan) и Денис Ричи ја издале првата книга за програмскиот јазик Ц. Оваа книга служела како [[прирачно дело|референтна книга]] за јазикот сè до појавата на првиот [[ANSI]] стандард за Ц, десетина години подоцна.
 
Генеологијата на програмскиот јазик Ц е следнава. Како и за сите други структуирани програмски јазици, така и за програмскиот јазик Ц може да се каже дека негов најдалечен предок е програмскиот јазик ALGOL 60. ALGOL-от 60, како што кажува и неговото име, бил развиен во 1960 година од страна на повеќе национални групи. Тој настанал само неколку години по програмскиот јазик FORTRAN. При создавањето на овој јазик било посветено големо внимание на неговата синтакса, модуларната структура и многу други нешта за кои денес се смета дека се современи и полезни. За жал, овој програмски јазик не бил никогаш општо прифатен од програмерите, веројатно поради неговата преголема генералност, апстрактност и опширност.
Анонимен корисник

Прегледник