Евдокија Бајана: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Ред 45: | Ред 45: | ||
[[Категорија:Византиски царици]] |
[[Категорија:Византиски царици]] |
||
[[Категорија:Византијци од 9 век]] |
[[Категорија:Византијци од 9 век]] |
||
[[Категорија: |
[[Категорија:Погребани во црквата „Свети Апостоли“]] |
||
[[Категорија:Македонска династија]] |
[[Категорија:Македонска династија]] |
Преработка од 05:56, 3 август 2018
Евдокија Бајана | |
---|---|
Византиска императорка | |
Сопруга на византискиот император | |
На престол | 900–901 |
Починал(а) | 901 Цариград |
Почивалиште | |
Сопружник | Лав VI Мудриот |
Деца | Василиј ? |
Династија | Македонска династија |
Евдокија Бајана (починала на 12 април 901 во Цариград) била византиска царица, трета сопруга на царот Лав VI Мудриот.
Според Теофан Исповедник, Евдокија потекнувала од темата Опсикион. Се омажила за император Лав VI во пролетта 900 година. Ова бил трет брак на царот. Претходните две сопруги на Лав VI починале без да му родат машки наследник. Од нив императорот имал неколку ќерки. Лав VI се надевал дека од бракот со Евдокија ќе се роди машки наследник на престолот. Ѓорѓи Острогорски споменува дека овој брак противречел на тогашните византиски закони и на практиката во православниот свет, поради што царот требало да побара дозвола да се омажи по трет пат од патријарх Антониј II Цариградски.
Евдокија починала година подоцна, на 12 април 901 година, при раѓањето на своето прво дете. Теофан споменува дека детето било момче кое останало некрстено. Во "За церемониите" меѓу имињата на децата на Лав VI се споменува и името Василиј што може да се идентификува со името на мртвородениот син на Евдокија. Во своето дело, Константин VII споменува дека Евдокија била погребана во црквата "Св. Апостоли" во Цариград.
По смртта на Евдокија императорот се оженил за Зоја Карбонопсина кој брак не бил признат од црквата за легитимен.
Литература
- Theophanes Continuatus, Chronicle.
- Symeon Metaphrastes, Chronicle.
- Constantine VII, De Ceremoniis.
Надворешни врски
Предлошка:S-royПретходник Зоја Зауцена |
Византиска царица 900–901 |
Наследник Зоја Карбонопсина |