Јованка Радичевиќ: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с додадена Категорија:Ракометарки на ЖРК Вардар користејќи го HotCat |
|||
Ред 42: | Ред 42: | ||
[[Категорија:Ракометарки]] |
[[Категорија:Ракометарки]] |
||
[[Категорија:Живи луѓе]] |
[[Категорија:Живи луѓе]] |
||
[[Категорија:Ракометарки на ЖРК Вардар]] |
Преработка од 20:22, 7 мај 2017
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
23 октомври 1986 Титоград, СФР Југославија | ||
Националност | црногорка | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1.69 м (5 ст 7 ин) | ||
Тежина | 66 kilograms (146 lb) | ||
Позиција | десно крило | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | ЖРК Вардар | ||
Број | 4 | ||
Сениорски клубови | |||
2004–2011 2011–2013 2013- |
ЖРК Будучност Ѓер ЕТО ЖРК Вардар | ||
Репрезентација 1 | |||
Црна Гора | 94 (510) | ||
Освоени медали
| |||
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат за 4 декември 2012 |
Јованка Радичевиќ (23 октомври 1986, Подгорица, Црна Гора) - црногорска ракометарка, која игра на местото десно крило.
Биографија
Јованка Радичевиќ е родена на 23 октомври 1986 година[1] во Подгорица.
Професионална кариера
Радичевиќ ја започнала професионалната кариера во екипата на „Будуќност“, во која провела осум сезони (2004-2011) при што освоила седум шампионски и седум титули во Купот на Црна Гора (2005-2011), две титули во Регионалната лига (2010, 2011) и две титули во Купот на победниците на куповите (2006, 2010). Во 2011 година, Радичевиќ се преселила во составот на „Ѓер ЕТО“ од Унгарија и двапати ги освоила шампионската титула и Купот на Унгарија, а во сезоната 2012-2013 со „Ѓер“ ја освоила и Лигата на шампионите, откако една година претходно стигнала до финалето на ова натпреварување. Потоа, таа преминала во екипата на ЖРК „Вардар“ од Скопје, при што двапати го освоила третото место во Лигата на шампионите.[2] [3]
Репрезентативни настапи
Радичевиќ постигнала големи успеси и како репрезентативка на Црна Гора: на Светското првенство во 2010 година го освоила 6. место; на Олимписките игри во 2012 година била поразена во финалето; а на Европското првенство во 2012 година ја освоила шампионската титула при што била прогласена за најдобро десно крило.
Наводи
- ↑ Официјална интернет-страница на ЖРК „Вардар“, „Среќен роденден Јованка“ (посетено на 21.10.2016)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Вардарки по вторпат на пиедесталот на Ф4“ (посетена на 13.5.2015)
- ↑ ЖРК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Вардар повторно со бронза се враќа од Будимпешта“ (посетена на 9.5.2016)