Северноатлантскиот Автономен Регион (шпански: Región Autónoma del Atlántico Norte или RAAN) е еден од двата автономни региони во Никарагва. Зафаќа површина од 32.159 км², а населението брои 249.700 жители.[1] Ова е најголемата административна единица во земјата. Главен град е Пуерто Кабезас.