Мудреци од исток: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
D'ohBot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: fa:سه مغ
(нема разлика)

Преработка од 10:48, 7 февруари 2011

Трите Свети крала или Свети Маги, односно Балтазар, Мелкиор и Гашпар се кралеви кои дошле да се поклонат на Исус во моментот кога тој се родил. Според Евангелието на Матеј тие дошле источно од Ерусалим. Тие ја следиле ѕвездата која блескала над Витлеем. Во Ерусалим кралевите биле испратени од страна на Херод кој сакал да му кажат каде се родил Исус за да може да го убие. Кога го пронашле тие му подариле три поклони: Темјан, злато и маст. По ова, Господ им наредил да не се враќаат во Ерусалим туку да си одат во нивните земји.

По смртта на кралевите нивните реликви биле однесени во Константинопол по кое истите биле пронајдени од страна на Света Елена. Во следните векови истите биле пренесени најпрвин во Милано а подоцна и во Келн каде се наоѓаат и денес. Мелкиор е заштитник на патниците а Балтазар заштитник на болните од епилепсија.