Мудреци од исток

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Три Свети крала)
Поклонување на мудреците

Мудреци од исток, библиски магови или светите тројца мудреци — мудреци што дошле да се поклонат на Исус во мигот кога тој се родил. Според Евангелието по Матеј, тие дошле источно од Ерусалим и ја следеле ѕвездата што блескала над Витлеем. Во Ерусалим мудреците биле испратени од страна на царот Ирод, кој сакал да му кажат каде се родил Исус за да може да го убие. Кога го пронашле, му подариле три подароци: темјан, злато и миро (светено масло). По ова, Господ им наредил да не се враќаат во Ерусалим, туку да си одат во нивните земји.

Новиот завет не ги дава имињата на мудреците. Подоцнежните преданија им припишуваат разни варијанти на имињата, со разни тези за нивното потекло. Најзастапени се:

По смртта на мудреците, нивните мошти биле однесени во Цариград по кое истите биле пронајдени од страна на Света Елена. Во следните векови истите биле пренесени најпрвин во Милано, а подоцна и во Келн каде што се наоѓаат и денес. Мелкиор е заштитник на патниците, а Балтазар заштитник на болните од епилепсија.

Во западната традиција[уреди | уреди извор]

Во западното христијанство, тие се сметаат за светци. Постои традиција дека се сметаат за владетели на краиштата од каде што доаѓаат, и се нарекуваат „Свети три крала“ или „Свети магови“.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]