Спектар-РГ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Спектар-РГ
Спектр-РГ
Spektr-RG russian X-ray space telescope P1110968.jpg
Макета на Спектар-РГ
Вид задачасателит за рендгенска астрономија[1]
СтопанисувачРусија Институт за вселенски истражувања на РАН
Германија Германски авиовселенски центар
SATCAT-бр.edit@end
Мреж. местоsrg.iki.rssi.ru
Траење на задачата6,5 год[1]
Особини на леталото
ПодлогаНавигатор[2]
ПроизведувачРусија НПО „Лавочкин“
Германија Институт за вонземска физика „Макс Планк“
Маса2.712 кг[1]
Товар1.210 кг[1]
Моќност1,8 kW
Почеток на задачата
Испалена13 јули 2019, 12:30 ч. UTC[3][1]
РакетаПротон-М[1]
МестоБајконур, плошт. 81/24
Орбитални параметри
Појдовен системСонце–Земја L2
Режимхало
Главен телескоп
ВидeROSITA: Волтеров
Бранови должинирендгенски
Инструменти
eROSITA, ART-XC
Спектар

Спектар-РГ (руски: Спектр-РГ) или Спектар-Рендген-Гама (Спектр-Рентген-Гамма) — руско-германска вселенска опсерваторија за високоенергетска астрофизика пуштена на 13 јули 2019 г.[4] надоврзувајќи се на сателитскиот радиотелескоп „Спектар-Р“ пуштен во 2011 г.[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Идејата за сателитска ренгтенска опсерваторија над Земјината атмосфера (која ги филтрира ваквите зраци) се појавила во 1980-тите, по предлог на астрофизичарот Рашид Сјуњаев од Институтот за вселенски истражувања на РАН (ИКИ) во Москва. Решено е да се проектира голема опсерваторија со пет телескопи, на која работеле дваесет установи од дванаесет земји. Со распадот на Советскиот Сојуз, проектот е запрен поради недостиг на средства и бил во мирување сè до 2003 г. кога е обновен, но во намалени размери.[6]

Преглед[уреди | уреди извор]

Главен инструмент на мисијата е рендгенскиот телескоп eROSITA, изработен од Институтот за вонземска физика „Макс Планк“ (MPE) во Германија. Наменет е да врши рендгенски осмотрувања во текот на седум години[7] — прв ваков апарат наменет за средниот рендгенски појас (под 10 keV, како и прв способен да ја утврди распореденоста на 100.000 галактички јата.[8] Истиот има можност да открива нови галактички јата и активни галактички јадра. Вториот инструмент, наречен Астрономски рендгенски телескоп (ART-XC) е руски високоенергетски рендгенски телескоп предвиден да пронаоѓа супермасивни црни дупки.[9]

Летало[уреди | уреди извор]

Замислата за мисијата „Спектар-РГ“ е објавена во 2005 г.[10] Изградбата завршила во 2016, а во средината на 2018 г. е извршено ускладување на составниците и испробување на апаратот. Пуштањето било предвидено за јуни 2019 г. но одложен за 12 јули, а потоа, во последен миг, презакажан за 13 јули 2019 г., кога е пуштен од космодромот „Бајконур“ (плоштатка 81/24).[1] Опсерваторијата е поставена на сателитската подлога „Навигатор“,[11] изработена од НПО „Лавочкин“.[12]

Профил на мисијата и орбита[уреди | уреди извор]

Леталото влегува орбита околу Сонцето, кружејќи околу системот Сонце-Земја со Лагранжова точка L2 во орбитата „хало“, на околу 1,5 милиони километри од Земјата. Патувањето дотаму трае околу три месеци, а во меѓувреме се вршат проверки и баждарење на телескопите. Следните четири години се вршат осум осмотрувања на целото небо. Целта на опсерваторијата во наредните три години е да се набљудуваат извесни галактички јата и активни јадра.[13]

Инструменти[уреди | уреди извор]

Инструменти во опсерваторијата „Спектар-РГ“
eROSITA[7] ART-XC[14]
Организација MPE ИКИ / ВНИИЕФ
Вид телескоп Волтеров Волтеров
Бранова должина рендгенска рендгенска
Маса 810 кг 350 кг
Чувствителност 0,3–10 keV 4–30 keV
Видно поле 1 степен 30 лачни минути
Аголна разделност 15 лачни секунди 45 лачни секунди
Сетилна површина 2.400 см2 при 1 keV 450 см2 при 8 keV

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Zak, Anatoly (16 април 2016). „Spektr-RG to expand horizons of X-ray astronomy“. Russian Space Web. конс. 16 септември 2016. 
  2. Gunter Dirk Krebs. „Spektr-RG (SXG)“. конс. 4 февруари 2011. 
  3. ROSCOSMOS. „Spektr-RG (SXG)“. конс. 20 јуни 2019. 
  4. Howell, Elizabeth (13 јули 2019). „Russia Launches Spektr-RG, a New X-Ray Observatory, into Space“. Space.com. конс. 13 јули 2019. 
  5. „Russia Successfully Launches Next-Generation Space Telescope“. RadioFreeEurope/RadioLiberty. конс. 16 јули 2019. 
  6. Clery, Daniel (15 јули 2019). Update: Telescope designed to study mysterious dark energy keeps Russia’s space science hopes alive. Science (American Association for the Advancement of Science). doi:10.1126/science.aay3154. конс. 16 јули 2019. 
  7. 7,0 7,1 „eROSITA Technical Performance“. Max Planck Institute for Extraterrestrial Physics. конс. 14 јуни 2019. 
  8. Clery, Daniel (10 јули 2019). „Telescope designed to study mysterious dark energy keeps Russia’s space science hopes alive“. Science. конс. 15 јуни 2019. 
  9. Clery, Daniel (10 јули 2019). „Telescope designed to study mysterious dark energy keeps Russia’s space science hopes alive“. Science. конс. 15 јуни 2019. 
  10. „Spectrum-RG/eRosita/Lobster mission definition document“. Russian Space Research Institute. 30 октомври 2005. конс. 4 февруари 2011. 
  11. Zak, Anatoly (19 јуни 2019). „The Navigator satellite bus“. Russian Space Web. конс. 13 јули 2019. 
  12. Graham, William (14 јули 2019). „Russian Proton-M launches Spektr-RG observatory“. NASASpaceFlight.com. конс. 15 јуни 2019. 
  13. „SRG (Spectrum Roentgen Gamma) - Satellite Missions - eoPortal Directory“. directory.eoportal.org (en-US). конс. 20 јуни 2019. 
  14. ART-XC / SRG overview. M. Pavlinsky; V. Levin; V. Akimov; A. Krivchenko; A. Rotin; M. Kuznetsova; I. Lapshov; A. Tkachenko; R. Krivonos; N. Semena; M. Buntov; A. Glushenko; V. Arefiev; A. Yaskovich; S. Grebenev; S. Sazonov; A. Lutovinov; S. Molkov; D. Serbinov; M. Kudelin; T. Drozdova; S. Voronkov; R. Sunyaev; E. Churazov; M. Gilfanov; B. Ramsey; S. L. O'Dell; J. Kolodziejczak; V. Zavlin; D. Swartz. Proceedings Volume 10699, Space Telescopes and Instrumentation 2018: Ultraviolet to Gamma Ray; 106991Y doi:10.1117/12.2312053 6 јули 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]