Михајло Ломоносов (сателит)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Михајло Ломоносов
Maquete satellite MVL-300 (Mikhailo Lomonosov) DSC 0071.JPG
Макета на сателитот „Михајло Ломоносов“
Вид задачаастрономска
СтопанисувачМДУ „Ломоносов“
COSPAR-ознака2016-026A
SATCAT-бр.41464
Траење на задачатапредвидено: 3 години[1]
Особини на леталото
ПроизведувачВНИИЕМ
Маса620 кг[1]
Товар170 кг[1]
Моќност~300 W[1]
Почеток на задачата
Испалена28 април 2016, 02:01 ч. UTC
РакетаСојуз-2.1а/Волга
МестоВосточни, платф. 1С
ИзведувачРоскосмос
Орбитални параметри
Појдовен системгеоцентрична
Режимсонцеусогласена
Голема полуоска6.856 км[2]
Периапсида478,2 км[2]
Апогеј492,9 км[2]
Наклон97,3 степени[2]
Период94,2 минути[2]
Инструменти

Михајло Ломоносов (руски: Михайло Ломоносов, озн. МВЛ-300) — астрономски сателит Московскиот државен универзитет, наречен по научникот Михаил Ломоносов (1711 - 1765).[3]

Задача[уреди | уреди извор]

Сателитот има за задача да набљудува гама-распрснувања, високоенергетски космички зраци и минливи појави во горната атмосфера на Земјата.[3]

Пуштање[уреди | уреди извор]

Мисијата била првично предвидена за 2011 г. по повод тристагодишнината од раѓањето на Ломоносов.[4] По неколкукратно одложување, леталото е конечно пуштено на 28 април 2016 г. од космодромот „Восточни“ со ракетата Сојуз 2.1а.[5]

Научни инструменти[уреди | уреди извор]

Леталото е опремено со седум научни инструменти:[6][7]

  • Орбитален пронаоѓач (ТУС) — наменет за мерење на флуоресцентната светлина која ја зрачат широките воздушни опсипувања на ултрависокоенергетски космички зраци во Земјианта амотсфера како и изучување на минливите појави во ултравиолетов опсег;
  • Блок за пронаоѓање на рендгенско и гама-зрачење (БДРГ) — наменет за пронаоѓање нагледување на гама-распрснувања и давање на сигнал за камерите на ШОК (подолу);
  • Ултрабрза болскотна опсерваторија (УФФО) — се состои од рендгенски и ултравиолетов телескоп (10 см) за изучување на гама-распрснувања;
  • Оптички камери со супершироко видно поле (ШОК) — пар широковидни оптички камери за забележување на оптичкото зрачење на гама-распрснувањата по примениот сигнал од БДРГ;
  • Дозиметар за електрони, протони и неутрони (ДЕПРОН) — мери впиени дози и спектри на електрони, протони, неутрони и тешки јадра;
  • Иследувач на електронска загуба и полиња (ЕЛФИН-Л) — се состои од пронаоѓач на енергетски честички (ЕПДЕ), друг за јони (ЕПДИ) и магнетомер со порта за тек (ФГМ). Има задача да ги изучува енергетските честички во Земјината атмосфера;
  • ИМИСС-1 — уред за успробување на микроелектромеханички инерцијални модули;

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Космический аппарат "Ломоносов" (Russian). конс. 21 March 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „MVL 300 Satellite details 2016-026A NORAD 41464“. N2YO. 4 May 2016. конс. 4 May 2016. 
  3. 3,0 3,1 „Soyuz prepared for first flight from Siberian cosmodrome“. Spaceflight Now. конс. 21 March 2016. 
  4. Садовничий: спутник «Михайло Ломоносов» будет запущен в 2011 году“, „Риа Новости“, 26 јануари 2010 (посет. 5 февруари 2017 г).
  5. Первый пуск с Восточного прошёл успешно!“, Роскосмос, 28 април 2016 (посет. 5 февруари 2017 г). (на Russian)
  6. „MVL-300 (Mikhailo Lomonosov)“. Gunter's Space Page. конс. 21 March 2016. 
  7. „Космический аппарат Ломомносов“. ВНИИЕМ. конс. 5 February 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]