Радиоастрон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Радиоастрон (Спектар-Р)
300п
Лансирано на18 јули 2011
Орбитални елементи
Апоцентар390.000 км
Перицентар10.000 км

Радиоастрон (или Спектар-Р, руски: Спектр-Р) — руски вселенски радиотелескоп, изработен со средства од Австровселенскиот центар на РАН, а лансиран во Земјината орбита на 18 јули 2011,[1] со перигеј од 10.000 км и апогеј од 390.000 км.[2][3]

„Радиоастрон“ е дело на повеќе установи: Австровселенскиот центар на физичкиот институт „П.Н. Лебедев“ при Руската академија на науките, НПО Лавочкин и Роскосмос во соработка со разни руски и меѓународни организации. Работата на проектот траела повеќе од 20 години.

Оваа астрофизичка вселенска опсерваторија е наменета за радио-астрофизичко набљудувања на вонгалактички објекти со ултрависока разделна моќ со радиоинтерферометриски методи, во содејство со земски радиотелескопи во брановодолжински опсег од 1,35 – 6,0; 18,0; 92,0 см, како и истражување на својствата на краземјината и меѓупланетарната плазма.[4] Радиоастрон ќе овозможи набљудување на вселената со извондредно високо аголно разложување. Со ова се ветува разоткривање на загатките на длабоката вселена. Радиоастрон е најголемиот телескоп во вселената. Телескопот има облик на цвет, лиишто 27 листови се отвораат во рок од 30 минути.[5]

При лансирање, леталото имало маса од 5.000 кг. За превоз е употребена носечка ракета „Зенит-2SLБ“ со горен степен „Фрегат-2СБ“.[6] Главната научна цел на мисијата е изучување на разни астрономски објекти при аголно разложување од неколку милионити делови од една лачна секунда.

Носечката ракета на опсерваторијата е лансирана од платформата 45 на космодромот Бајконур на 18 јули во 06:31 MSK.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Руски сателит на задача да гледа во црни дупки“, SpaceFlight, 18 јули 2011 (посет. 18 јули 2011 г). (англиски)
  2. „Опис на проектот „Радиоастрон““. конс. 28 февруари 2008.  (англиски)
  3. „Опис на проектот „Радиоастрон“ - Орбита“. Институт за вселенско истражување на РАН. конс. 28 февруари 2008.  (англиски)
  4. „Радиоастрон“. Роскосмос.  (руски)
  5. „Патувачкиот вселенски телескоп ќе ги собори границите на човековите сознанија“. Russia Today.  (англиски)
  6. „Конструкција на вселенското летало“. Австровселенски центар на физичкиот институт „П.Н. Лебедев“.  (англиски)
  7. „Руското научно-истражувачко летало „Спектар-Р“ е успешно лансирано од Бајконур“. Роскосмос. конс. 18 јули 2011.  (руски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]