Софија Монфератска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Софија Монфератска
Византиска царица
На престол 1425–1426
Сопружник Јован VII Палеолог
Династија Палеолози
Татко Теодор II де Монферат
Мајка Жана де Бар
Починал(а) 1434
Вероисповед Православие

Софија Монфератска била византиска царица, сопруга на византискиот императорот Јован VIII Палеолог.

Софија била ќерка на маркиз Теодор II де Монферат и Жана де Бар.

На 26 јануари 1404 година Софија била свршена за Филипо Марија Висконти, син на миланскиот војвода Џан Галеацо Висконти. Но бракот така и не се одржал.

На 19 јануари 1421 година Софија била мажена за Јован VIII Палеолог, единствениот преживеан син на царот Мануел II Палеолог и Елена Драгаш. Во тоа време Јован бил соимператор на својот татко. Според Сфранцес, бракот бил склучен во катедралата Света Софија во Константинопол[1].

Мануил Палеолог испратил специјален амбасадор до католичкиот собор во Констанца, додека барал папска дозвола за склучување на брак меѓу Софија и Јован VIII. Проблем се покажало преминувањето на Софија од католицизмот во Православната вера. Конечно се добило дозвола од папата Мартин V, кој бил избран од соборот во Констанца.

Според гласините.[2][3], Јован VIII не бил задоволен од бракот и стоел подалеку од својата сопруга[4][5].

На 21 јули 1425 година починал Мануел VIII Палеолог, а престолот бил наследен од Јован VIII. Тогаш Софија ја подместила својата свекрва како постара царица. Сепак бракот меѓу Софија и Јован VIII бил раскинат во август 1426[6]. Софија не се преженила и починала осум години подоцна.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sphrantzes, ch. 6; translated in Marios Philippides, The Fall of the Byzantine Empire: A Chronicle by George Sphrantzes, 1401-1477 (Amherst: University of Massachusetts, 1980), p. 24
  2. Michael Doukas, Historia Bizantina, chap. XX
  3. Vasiliev, A.A., History of the Byzantine Empire, 324-1453 (1958), p. 588
  4. Michael Doukas, Historia Bizantina, chap. XX
  5. Vasiliev, A.A., History of the Byzantine Empire, 324-1453 (1958), p. 588
  6. Sphrantzes, ch. 14; translated in Philippides, The Fall of the Byzantine Empire, p. 30

Литература[уреди | уреди извор]

  • Doukas, Historia Bizantina
  • George Sphrantzes, Chronicle
  • Nicol, D.M., The Last Centuries of Byzantium 1261-1453 (Cambridge University Press, 1993)
  • Vasiliev, A.A., History of the Byzantine Empire, 324-1453 (University of Wisconsin Press, 1958)
Софија Монфератска
Роден(а): ? Починал(а): 1434
Претходник
Елена Драгаш
Византиска царица
1425–1426
Наследник
Марија Велика Комнина