Марија Велика Комнина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марија Велика Комнина
Maria Comnena Greek Princess Trebizond by Pisanello.JPG
Византиска царица
На престол 1427–1439
Сопружник Јован VII Палеолог
Династија Палеолози
Татко Алексиј IV Комнин
Мајка Теодора Кантакузина
Починал(а) 1439
Вероисповед Православие

Марија Велика Комнина била византиска царица, сопруга на византискиот императорот Јован VIII Палеолог[1].

Марија била ќерка на Алексиј IV Комнин, император на Трапезунд, и на Теодора Кантакузина. Во септември 1427 Марија била мажена за император Јован VIII Палеолог[2]. Ова бил трет брак на византискиот император. Првата сопруга, Ана Василиева починала во 1417 година, а вториот брак со Софија Монфератска е раскинет во 1426 година. Бидејќи од неговите претходни два брака Јован VIII немал деца, тој се оженил за Марија Трапезундска со надеж дека ќе обезбеди наследници на престолот. Бракот на Марија и Јован VIII продолжил 12 години, но исто така не оставил наследници. Сфранцес го наведува датумот на смртта на Марија, 17 декември 1439 година. Според Стивен Ринсиман, императорката починала од чума.

Јован VIII починал без наследник, а на престолот се качил неговиот брат Константин XI, кој во тоа време веќе бил вдовец и никогаш не се оженил повторно. Управувањето траело до заземањето на Константинопол од Турците (29 мај 1453) и конечното распаѓање на империјата. Така Марија Трапезундска останува во историјата како последната царицата на Византија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. William Miller is error saying she "married the Byzantine Emperor John VI., just as her aunt Eudokia had married his grandfather John V": John VI Kantakouzenos was co-emperor with John V. This mistake is easily explained by the loss of two characters, either by Miller's pen or the typesetter's fingers. Trebizond: The last Greek Empire of the Byzantine Era: 1204-1461, 1926 (Chicago: Argonaut Books, 1969), p. 80
  2. Chronicle 14:3-4; translated by Marios Philippides, The Fall of the Byzantine Empire: A Chronicle by George Sphrantzes, 1401-1477 (Amherst: University of Massachusetts, 1980), p. 30
Марија Велика Комнина
Роден(а): ? Починал(а): 1439
Претходник
Софија Монфератска
Византиска царица
1427–1439
Нема,
Распаѓање на Византија