Сотир Гулески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сотир Гулески е македонски раскажувач и романописец.

Биографија[уреди | уреди извор]

Сотир Гулески е роден во Прилеп на 28 август 1917 година. Починал во Скопје на 20 јуни 1985 година. Завршил средно образование. Член на ДПМ од 1959 година. Автор е на книгите: Меѓа (роман, 1959), Прекршен 'рбет (роман, 1960), Фурии 1 (роман, 1962), Фурии 2 (роман, 1972), Висорамнина на ровјите (раскази, 1975), Фурии 3 (роман, 1977), Фурии 4 (роман, 1979), Им се суди на дивите ветришта (роман, 1982), Распаќа на шест утоки (раскази, 1985).