Сливо Поле

Координати: 43°56′32″N 26°12′18″E / 43.942165° СГШ; 26.204866° ИГД / 43.942165; 26.204866
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сливо Поле
Сливо поле
град
Сливо Поле is located in Бугарија
Сливо Поле
Сливо Поле
Местоположба на Сливо Поле во Бугарија
Координати: 43°56′32″N 26°12′18″E / 43.942165° СГШ; 26.204866° ИГД / 43.942165; 26.204866
ЗемјаБугарија
ОбластРусе
ОпштинаСливо Поле
Управа
 • ГрадоначалникВалентин Атанасов (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна36,233 км2 (13,990 ми2)
Надм. вис.&1000000000000002300000023 м
Население (2022)
 • Вкупно3,323
 • Густина92/км2 (240/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код7060
Повик. бр.+359 08131
Мреж. местоslivopole.bg

Сливо Поле (бугарски: Сливо поле) — град во Североисточна Бугарија, административен центар на Општина Сливо Поле во Русенската Област. Има население од околу 3.323 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Сливо Поле се наоѓа во североисточниот дел на Дунавската Рамнина само на 5 километри од реката Дунав. Градот се наоѓа на 21 километри североисточнп од регионалниот центар Русе и на 346 километри од главниот град Софија.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1952 година се пронајдени траги од тракиска античка населба при копање на каналите за систем за наводнување на 2 километри североисточно од денешната местоположба на населбата.

Во 1656 година, Сливо Поле се споменува под името Сливолик, во Русенскиот Вилает.[2] На почетокот на XIX век, по епидемија на чума, неговите жители се населиле на денешното место и новата населба се викала Ќоселер Махале. По завршувањето на Кримската војна, во селото се населиле Кримските Татари, а по 1863 година се населиле и Бугари од градот Русе и Романија. Во тоа време селото почнало да се вика Бујук Ислепол, а подоцна станало само Ислепол и Слепово. Во 1912 година селото бил преименуван во Сливо Поле.

На 18 мај 2011 година селото Сливо Поле било прогласено за град.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Е. Грозданова. „Българската народност през 17 век“
  3. Решение № 782 на Министерски Съвет от 18.05.2011 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]