Слешер (жанр)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хокејската маска на убиецот Џејсон Ворхис

Слешер (англиски: slasher) — поджанр на филмови на ужасите што се одликува со психопатски убиец (понекогаш носи маска, понекогаш со натприродни моќи) што демне и незабележливо убива голем број луѓе еден по еден, најчесто младинци, на типично случаен, непредизвикан начин, одземајќи ги животите на многумина во еден ден.[1]

Особености на жанрот[уреди | уреди извор]

Жртвите се обично фотогенични тинејџери или млади луѓе што се далеку од цивилизацијата и често се впуштаат во сексуално однесување или употреба на дрога, а понекогаш и двете. Овие филмови обично започнуваат со убиство на една млада девојка и завршуваат со тоа што единствениот преживеан успева да го победи убиецот, само за да открие дека проблемот не е целосно решен. Преживеаната девојка (понекогаш и маж) е добро воспитана и се воздржува од полов однос и алкохол. Иако „Психо“ на Алфред Хичкок бил рано вдахновение, првиот вистински слешер бил „Црниот Божиќ“, а успехот на „Ноќта на вештерките“, „Петок тринаесетти“ и „Кошмар на Елм стрит“ помогнале да се популаризира и револуционизира жанрот во 1980-тите.[1]

Во жанрот слешер, убиецот речиси секогаш користи нетрадиционални оружја: сечила, моторни пили, сатари, тапи предмети; пиштоли ретко се користат, ако и воопшто. Честопати филмот ќе има заднина што објаснува како убиецот (обично е машко) ја развил својата суровост и зошто тој првенствено се насочува на одреден тип жртва или место. Честопати убиецот е способен да ги издржува повеќето или сите обиди на неговите жртви да се одбранат, понекогаш поради јасни или подразбирливи натприродни способности. Така што, дури и откако ќе биде застрелан, избоден, претепан, удрен од струја, изгорен или удавен, тој може да продолжи да ги демне своите жртви. Вообичаено во продолженијата, убиецот се враќа од мртвите и се одликува како немртво, нечовечко „чисто зло“, а не како психопатски убиец. Меѓу сите категории, меѓутоа, има неколку филмови што покажуваат дека убиецот треба да биде сожалуван или барем разбран, а не само да биде страшлив.[2]

Главната идеја на слешерот се одликува со присуството на убиства, а заплетот се открива со обидите на одреден круг луѓе да ги избегнат овие убиства — во однос на нив или друга група луѓе.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Kench, Sam (2021-10-24). „The Slasher Film — Definition, Characters, Villains & Tropes“. StudioBinder (англиски). Посетено на 2024-03-11.
  2. Hesseldenz, Peter. „Research Guides: Horror Film: Slasher Films“. libguides.uky.edu (англиски). Посетено на 2024-03-11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]