Скачковски манастир
Воздушен поглед на манастирот | |
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Скачковски манастир |
| Други имиња | Манастир „Св. Троица“ |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Посветен на | Света Троица |
| Епархија | Кумановско-осоговска |
| Цркви | Црква „Св. Троица“ Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ |
| Личности | |
| Основач (и) | Стојан Пајковски |
| Место | |
| Место | Скачковце, Општина Куманово |
| Координати | 42°2′44″N 21°49′37″E / 42.04556°N 21.82694°E |
| Видливи остатоци | две цркви, параклис, чешма, конаци, помошни објекти |
| Отворен за јавноста | да |
| Други информации | (Орашачка парохија) |
Скачковски манастир — манастир во северниот дел на Македонија, во селото Скачковце.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓа јужно од селото, на рид над селото, каде и во минатото имало крст кај кој се собирале селаните на собор.[1] До манастирот води асфалтен пат, кој завршува со голем манастир во подножјето на ридот, од каде водат скали до самиот врв на ридот.[2]
Манастирскиот комплекс зафаќа површина од 20 хектари, уредени со патеки, места за седење, фонтана, мала зоолошка градина и игралиште за деца.[3]
Градби
[уреди | уреди извор]Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, камбанарија, параклис, 12-метарски крст подигнат во 1996 година, библиотека, чешма, конаци, споменици на Пресвета Богородица и Свети Климент Охридски, 3-метарско велигденско јајце и помошни објекти.[3]
Црква „Св. Троица“
[уреди | уреди извор]Оваа црква е подигната заедно со целиот манастир во 2000 година.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
[уреди | уреди извор]Оваа црква започнала да се гради во 2021 година.[4]
Конаци
[уреди | уреди извор]Манастирот поседува нови конаци.
Историја
[уреди | уреди извор]Местото на кое е подигнат манастирот е познато како крстно место во селото. Како светилиште постои од XIII век.[3]
Манастирот е изграден од познати вевчански мајстори по повод 2000 години од христијанството и осветен во 2001 година. Денес, во него се вршат крштевки, венчавки и молитви. Манастирот годишно го посетуваат над 5.000 ученици.[3]
Како ктитор на манастирот се јавува прота Стојан Пајковски.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Камбанаријата
- Летниковец
- Фурна
- Молитвен простор
- Летниковци
- Конак
- Помошен објект
- Чешма
- Влезната порта
- Печка
- Споменик
- Споменик на Свети Климент Охридски
- Споменик на Богородица
- Велигденско јајце
- Поглед на манастирскиот двор
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 150.
- ↑ „МАНАСТИРОТ „СВ ТРОИЦА" С. СКАЧКОВЦЕ-МАКЕДОНСКАТА ОАЗА НА МИРОТ“. Трибуна. 2020-06-11. Посетено на 2024-01-13.
- 1 2 3 4 5 „Манастирот „Света Троица" го заживеа Скачковце“. KumanovoNews. Посетено на 2024-01-13.
- ↑ Георгиевска, Елена (2 мај 2021). „Комплексот „Света Троица" вистинско светилиште“. Македонска телевизија. Посетено на 13 јануари 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Скачковски манастир на Ризницата ?