Сијаманг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Siamang[1]
Symphalangus syndactylus, Chiba Zoo, Japan.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Семејство: Гибони
Род: Сијаманг
Gloger, 1841
Вид: Сијаманг
Биномен назив
Symphalangus syndactylus
(Raffles, 1821)
Распространетост на сијамангот

Сијаманг (науч. Symphalangus syndactylus) — црнокрзнен гибон карактеристичен за Малезија, Тајланд и Суматра. Овој вид на гибон е најголем од сите други видови на гибони, сијамангот може да биде и двапаи поголем од останатите видови на гибони, достигнувајќи висина од 1 м, и тежина од 14 кг. Сијамангот е единствениот вид во родот сијаманг (Symphalangus).

Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[3]

Сијамангот има две забележителни карактеристики. Првата е дека два прсти на секое стапало се поврзани со опна, по што и го добил името „синдактил“, што на старогрчки знач син-, „споен“ + дактил, „прст“. Втората е големата гушна торба (ја имаат и мажјаците и женките), оваа торба која може да биде надувана до големина на главата на сијмангот, што му овозможува на сијамангот да испушта гласни, резонантни повици и песни.

Можно е да има два подвидови на сијамагот. Дококлу е така, станува збор за суматрански сијаманг (науч. S. s. syndactylus) и малезиски сијаманг (науч. S. s. continentis).[4]Единките во Малезија, се излолирана група. Сијамангот може да се се сретне со останатите видови на гибони, како на пример со црноракиот гибон и белоракиот гибон.

Сијамангот може да живее и до 40 години во заробеништво. [5]

Поради илегалната трговија со миленичиња и загубата на живеалиштата во Малезија и Суматра, овој вид на гибоне е еден од најзагрозените. Производството на палмово масло доведува до сеча на огромни пространства на шуми, со што живеалиштето на сијамангот просторно значително е намалено, што важи и за останатите животински видови, како што е на пример суматранскиот тигар.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Сијамангот ги населува остатоците од шумите на Суматра и Малезија, и подеднакво може да се сретне од шумите во низините па се до планинските шуми и дождовните шуми до 3800 м надморска висина.[6] Сијамангот живее во групи составени од 6 единки (во просек четири единки) на територија која се простира на 23 хектари.[7][8] Во текот на денот изминуваат многу мали растојанија во просек од 1 км, за разлика од останатите видови.[6] Мелодичното пеење на сијамангот ја нарушува тишината во шумите рано наутро по повиците на црноракиот и белоракиот гибон. Сијамангот во Суматра и Малезија се слични на изглед, но постојат разлики во однесувањето на единките од двата вида.

Изглед[уреди | уреди извор]

Сијамангот има долго, густо, бушаво крзно со најтемна нијанса од сите гибони. Овој приматт има долги, висечки раце кои се подолги од нивните нозе. Просечната должина на сијамангот е 90 см, но најголемите единки можат да постигнат и должина од 1 метар и 50 см. Лицето на овој голем гибон е претежно без влакна освен малите мустаќи.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Сијамангот се храни со различни делови на растението. Суматранскиот сијаманг е поголем плодојад отколку неговиот сродник од Малезија, при што овошјето преставува 60% од неговата исхрана. Сијамангот се храни со 160 видови на растенија, како што се ползавци па се до овошки. Најмногу се храни со смокви.[8][9] Сијамангот претпочита да се храни си зрело овошје, и млади лисје. Се храни и со цветови и мали животинки, најчесто инсекти. Кога сијамангот се храни со големи цветови,тој ќе ги изеде само цветните листови, но целосно ги јаде помалите цветови, како и малите овошки во нивните раце пред да бидат изедени. Кога се храни со големи и тврди семиња или пак семиња со остри рабови, ќе го изеде само овошјето а семето ќе го фрли.[9] Иако неговата исхрана се состои претежно од овошје, станува збор за најголемиот листојад од сите членови на семејството гибони.[6] Како најголем гибон, се вклопува во групата на примати кои се хранат претежно со лисје.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.). уред. Mammal Species of the World (III издание). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 181. ISBN 0-801-88221-4. http://www.bucknell.edu/msw3. 
  2. Nijman, V. & Geissmann, T. (2008). „Symphalangus syndactylus“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 4 January 2009.
  3. „Сијаманг“. Зоо Скопје. http://www.zooskopje.com.mk/siamang.html. конс. 6 септември 2015 г. 
  4. Geissmann, Thomas. „Gibbon Systematics and Species Identification“. http://gibbons.de/main/system/intro.html. конс. 13 април 2006 г. 
  5. Gron KJ. 2008 May 20. Primate Factsheets: Siamang (Symphalangus syndactylus) Taxonomy, Morphology, & Ecology . <http://pin.primate.wisc.edu/factsheets/entry/siamang>. Accessed 2015 June 9.
  6. 6,0 6,1 6,2 Rowe, Noel. (1996) "Pictorial Guide to the Living Primates" Charlestown, RI: Pagonia Press
  7. O'Brien, T.G., M.F. Kinnaird, A. Nurcahyo, M. Iqbal and M. Rusmanto. Abundance and Distribution of Sympatric Gibbons in a Threatened Sumatran Rainforest. „International Journal of Primatology“ том  25 (2): 267–284. doi:10.1023/B:IJOP.0000019152.83883.1c. 
  8. 8,0 8,1 O'Brien, T. G., M. F. Kinnaird, A. Nurcahyo, M. Prasetyaningrum, Dan M. Iqbal. Fire, demography and persistence of siamangs (Symphalangus syndactylus: Hylobatidae) in a Sumatran rainforest. „Animal Conservation“ том  6 (2): 115. doi:10.1017/S1367943003003159. 
  9. 9,0 9,1 Nurcahyo, A. (2001). Daily Ranging, Home-Range, Foods, Feeding and Calling in Siamang (Hylobates syndactylus). In WCS-IP 2001. Bukit Barisan Selatan National Park in Space and Time. 2000 -2001 Research Report. WCS-IP/ PHKA, Bogor. 35-52. (In Indonesian)
  10. Fleagle J. G. (1988). Size and Adaptation in Primates. In Jungers WL (ed). "Size and Scaling in Primate Biology". New York: Plenum Press.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]